Европската федерација на новинари го честиташе изборот на Младен Чадиковски
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2018
Европската федерација на новинари му го честиташе изборот на Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ.
Вечерва претседателот на ЕФЈ, европската федерација на новинари на Твитер, Рикардо Гутиерез го честиташе изборот на Чадиковски, со зборовите, „честитки за Младен, новиот претседател на ЗНМ“.
На собранието на ЗНМ освен Гутиерез присуствуваа и други претставници на меѓународната заедница кои го поздравија изборот на Чадиковски.
Младен Чадиковски на денешното изборно собрание доби мнозинство гласови пред кандидатот Столе Наумов.
Чадиковски ќе го предводи ЗНМ во наредните 4 години.