Европската комисија е подготвена да биде гарант за правата на Бугарите во Македонија, вели Петков
Објавено во: Македонија 08 Април, 2022 16:42
Нема да правам никакви договори со Скопје без согласност на сите, вели бугарскиот премиер Кирил Петков.
Објасни дека секое решение во врска со Македонија мора да биде со целосна согласност на партиите од владината коалиција и од опозицијата и нема да биде донесена никаква конкретна одлука без одобрение на Парламентот.
Како што кажа Петков, актуелните случувања во Украина „го направи случајот Република Северна Македонија уште поделикатен“.
„Безбедноста на Западниот Балкан е од големо значење за бугарската држава. На овие одлуки мора да им пристапиме со голема одговорност“, додаде Петков.
Тој истакна дека Европската комисија соопштила дека е подготвена преку преговарачката рамка да биде гарант за правата на Бугарите во Македонија и за почитување на нивните интереси и права.
Албанскиот премиер Еди Рама веќе најави дека Албанија ќе бара раздвојување со Македонија на патот кон ЕУ, затоа што како што кажа тие не можат да чекаат соседите да ја решат кавгата.Прво Франција, а потоа и Бугарија го блокираше почетокот на преговори на Македонија со ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




