27 Април, 2024
0.0474

Европско меѓународно движење: Без поддршка за С. Македонија ЕУ остава вакуум простор

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Европското меѓународно движење целосно го поддржува процесот на проширување на Европската Унија. Со нивните ставови се согласува и Европското движење на Северна Македонија. Во исчекување на финалната одлука на Самитот на ЕУ, од Европското меѓународно движење велат дека преговорите за членство постојано се одложуваат без оглед на позитивните препораки кои го поддржуваат процесот на проширување од страна на Европската комисија и повеќе земји-членки, вклучително и Германија.

„Одложувањето на преговорите во оваа фаза ќе го поткопа кредибилитетот на ЕУ. Северна Македонија и Албанија спроведоа робусни внатрешни реформи во согласност со барањата на ЕУ. Северна Македонија го потпиша Договорот од Преспа со Грција, со што се стави крај на историскиот долг спор околу името на земјата. Покажувајќи неподготвеност да го поддржи процесот на пристапување на Албанија и Северна Македонија, ЕУ ризикува да остави вакуум што би можел да го искористат геополитичките ривали, како Русија, Кина и Турција, кои сакаат да профитираат од оваа неизвесност за да се мешаат во регионот и да ја промовираат својата агенда, која честопати оди спротивно на онаа на ЕУ“ велат од ЕМД.

ЕУ треба да го задржи моментумот преку развивање на позитивен наратив за проширување заснован на успехот на овој процес во зајакнувањето на безбедноста и мирот во Европа.

Најголем противник на проширувањето е францускиот претседател Макрон кој бара внатрешни реформи во ЕУ, повеќе време за консолидирање, но и поголемо исполнување на обврските на земји кандидати како С. Македонија за борба со корупцијата, организираниот криминал и реформи во правосудството кои за волја на вистина изостанаа во земјава и не дадоа целосни резултати. Сепак, на Европскиот совет се носат политички одлуки, па така и со давањето зелено светло за отпочнување на преговори за членство веднаш би се отвориле поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат токму на владеење на правото.

„Низ Западен Балкан, ниското ниво на економски раст и растечката сиромаштија ја загрозуваат поддршката за пристапување во ЕУ. Регионалните спорови, исто така, го попречуваат процесот на проширување, додека корупцијата и институциите што не се способни да ги спроведат демократските вредности можат да доведат до распространето разочарување кај граѓаните и пораст на националистичките политички партии. За да се спротивстават на овие појави, неопходно е да се поддржи демократскиот развој, граѓанскиот дијалог, плурализмот и борбата против корупцијата, како и економскиот раст и регионалната соработка. Во овој поглед, регионалната соработка треба да се надополни со поширок поим за „европска соработка“, што ќе овозможи размена на најдобри практики и взаемно учење и избегнување изолација од остатокот на Европа“ потенцира ЕМД.

Денес германската канцеларка Меркел во Берлин пред Парламентот истакна дека мали се шансите на Самитот на ЕУ да се донесе едногласна одлука за почнување преговори со С. Македонија и Албанија. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“