ЕВРОСТАТ ОБЈАВИ: Kоја земја е лидер во регионот по иселување?
Објавено во: Македонија 15 Август, 2019
Повеќе од 200.000 луѓе од Балканот минатата година се иселиле во ЕУ.
Од Западен Балкан во земјите од ЕУ само лани се доселиле 228.000 луѓе, покажуваат податоците на Евростат.
Од Македонија минатата година најмногу иселеници има во Германија (11.500), а потоа следат Италија и Словенија.
Од Србија во земјите на ЕУ отишле 51.000 луѓе, но сепак најмногу иселеници има од Албанија – 62.000 и БиХ – 53.500.
Од територијата на Косово се иселиле 34.500 луѓе, 24.300 од Северна Македонија и 3.000 од Црна Гора.
Од Албанија најмногу луѓе се иселиле во Италија (23.000), Грција (17.000) и Германија (10 000). Повеќето луѓе од БиХ одат во Германија (16.000), Словенија и Хрватска.
Од Србија лани најмногу луѓе заминале во Германија (16.000), по што следат Словенија со 5.100 и Хрватска и Словачка со по 4.900 иселеници.
Од Косово повеќето луѓе отишле во Германија, скоро 19.000, што е повеќе од половина, а потоа следат Словенија и Италија.
Во однос на населението, највеќе иселувања има од Албанија, земја со население од околу 2,8 милиони, затоа што ланските 62.000 заминувања чинат околу 2,2% од вкупното население.