ФАБИО СКАНО: До неодамна Македонија беше најдобар пример, сега состојбата е загрижувачка
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2020
До неодамна
Македонија беше еден од најдобрите примери на ниво на европскиор регион за
одговор на Кови-19, но она што сега го гледаме е загрижувачко. Поуката
која треба да ја извлечеме е дека се додека не се пронајде вакцина за Ковид-19
треба да се придржуваме на мерките. Вирусот нема брзо да си замине, тој коси
животи, оценува Фабио Скано,
советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, на денешната
заедничка прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче.
-Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко и она што мора да го знаеме е дека додека не се најде вакцина не смее да го спуштиме гардот. Дејствата што ќе се преземат во наредните денови се многу важни за справување со кризата и тука сум во вистински момент. Мора да му се спротивставиме на вирусот проактивно и да бидеме пред него. Целта ми е подобро да се запознаам со состојбата на епидемијата и ефектите од мерките кои се преземаат овде, изјави Скано.
Според него, кога се олабавуваат мерките, граѓаните се помалку внимателни, но смета дека тоа може да се менаџира ако навреме се откриваат случаите и контактите и се стават во изолација.
-Повторното зголемување на големиот број случаи, како што рече Скано, е исто така нешто што може успешно да се менаџира и затоа е потребно напорот да биде фокусиран на ова, но Владата и граѓаните мора да соработуваат. Отворањето на границите е тешка одлука, но не може да се прави бинарна интерпретација во однос на здравствената состојба. Мора да се балансира, односно треба да обезбедиме рана детекција без експлозивно ширење на заразатаи во исто време ако има потреба да бидеме селективни во однос на мерките кои се спроведуваат. Кога се отвораат границите најважно е да видиме за каква трансмисија се работи, да ги изолираме случаите и да ги ставиме во изолација контактите, потенцираше Скано на прес-конференцијата.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.