19 Мај, 2024
0.0365

ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС: Македонија може да го стабилизира целиот регион

Објавено во: Економија 08 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Фајненшел Тајмс во својата анализа на ситуацијата во Македонија тврди дека по 20 средби на македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, треба да се изнајде решение во спорот за името, а потоа тоа ќе испрати сигнал до целиот регион и ќе помогне да го стабилизира политички.

„Преговорите што имаат за цел да се најде компромис за името на Македонија веќе се ближат кон кулминација. Шефовите на дипломатиите на Грција и на Македонија се сретнаа 20 пати. Ако се постигне договор ќе се испрати редок сигнал до останатите балкански држави и заедници кои имаат конфликт – на пример Србија и Косово, или муслиманите, Хрватите и Србите во Босна и Херцеговина – дека дури и најболните историски рани заздравуваат доколку се третираат.

Уште повеќе, договорот може да ги отвори вратите на ЕУ и НАТО за македонското членство, блокирано со вето од страна на Атина. Ова може да ја извади Македонија од состојба на неизвесност во геополитичката нестабилност во која западна по дезинтеграцијата на комунистичка Југославија. Toa ќе биде и спротивставување на проширеното влијание на Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија и останатите заливски земји врз Балканот. Ќе го намали и ризикот дека Македонија може да стане плен на насилен внатрешен конфликт, дестабилизирајќи го остатокот од регионот.“, се вели во анализата.

Перспективите за грчко-македонски договор, сепак, не се сигурни. За домашна употреба Заев сака да се употребува „Република Македонија“. Ова не е доволно добро за Грција, која во ова препознава претензии за северниот грчки регион Македонија. Атина притиска и за промена на македонскиот Устав, што би елиминирал ваква закана.

„Заев е отворен кон оваа идеја, но какви било промени треба двапати да се ратификуваат од страна на македонскиот Парламент. Освен тоа, тој сака да ја зајакне легитимноста на договорот со Грција, поднесувајќи ги на референдум евентуалните уставни измени. Надминувањето на овие три пречки нема да биде лесно. Ниту пак одобрувањето на Грција нема да биде земено здраво за готово. Алексис Ципрас, левоориентиран премиер, гледа шанса за победа. Но неговите коалициски партнери, грчката конзервативна опозиција и православна црква се гласни критичари на неговата дипломатија. Со изборите наредната година Ципрас може да наиде на зовриена политичка атмосфера дома, со што разговорите со Скопје може да станат потешки за справување.

На крајот, сите влади во ЕУ не сaкаат да отворат преговори со Македонија. Во НАТО не гледаат сите на членството на Македонија како приоритет. Работите повеќе ќе се разјаснат на самитот на ЕУ во јуни и на самитот на НАТО во јули. Двата настани доаѓаат многу брзо за договор меѓу Македонија и Грција. Доколку е така, ЕУ и НАТО треба да одолеат на искушението да го искористат неуспехот како изговор за занемарување на македонското прашање“, додава аналитичарот од Фајненшел Тајмс.



Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници