18 Мај, 2024
0.0273

ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС-ЕВРОПСКИТЕ УВОЗНИЦИ НА ГАС ЌЕ ПЛАЌААТ ВО РУБЉИ: Експертите оценуваат-ќе бидат испорачани милијарди кеш во руската економија

Објавено во: Економија 28 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Некои европски компании, инаку најголеми увозници на руски гас, се подготвуваат да се согласат со барањето на Русија гасот да се плаќа во рубљи, пишува Фајненшл тајмс. Плашејќи се дека Кремљ ќе одлучи да ја прекине испораката на гас за цела Европа, како што тоа го направи со Полска и Бугарија, компаниите најдоа начин да ги исполнат барањата на Русија без да ги прекршат санкциите што Европската унија ги воведе кон таа земја.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја опиша акцијата на Русија како „уцена“, но според некои извештаи, има компании кои наскоро ќе се согласат со условот на Русија.

Некои од најголемите европски енергетски компании се подготвуваат да користат нов систем за плаќање на рускиот гас што го бара Кремљ, кој според критичарите ќе го намали ефектот на санкциите на ЕУ, ќе го загрози единството на блокот и ќе испорача милијарди кеш во руската економија.

Дистрибутерите на гас во Германија, Австрија, Унгарија и Словачка планираат да отворат сметки со Гаспромбанк во Швајцарија за да го задоволат барањето на Русија за плаќање во сопствена валута, посочија извори на ФТ.

Оваа група вклучува два од најголемите увозници на руски гас: Унипер од Дизелдорф и ОМВ со седиште во Виена. Системот би функционирал така што компаниите ќе отворат сметки во Гаспромбанк и ќе плаќаат за гас во евра, по што банката би ги претворила еврата во рубљи и ќе и ги плаќа на Русија.

Европската комисија, како и другите тела на ЕУ, се под притисок од земјите-членки да најдат решение како да продолжат да купуваат руски гас без да ги прекршат санкциите. Насоките сугерираат дека земјите би можеле да отворат нови банкарски сметки со Гаспромбанк, приватна филијала на Гаспром која е изоставена од листата на санкционирани лица и компании.

Повеќето договори со Гаспром предвидуваат плаќања во евра или долари, додека плаќањата во рубљи би вклучиле трансакции со централната банка на Русија, која практично е замрзната од европскиот финансиски систем.

Инаку, Полска и Бугарија како и досега го плаќаа рускиот гас во евра, отфрлајќи го барањето на руската страна. Во исто време, двете земји не сакаа да користат алтернативен начин на плаќање, поради што Гаспром ја прекина испораката на гас за овие земји. За да избегне слична судбина, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека неговата земја одлучила да отвори нова сметка во Газпромбанк и да дозволи руската банка да се претвори во рубљи.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра