18 Мај, 2024
0.0316

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Битката со пожарите не е завршена, на помош ќе стигне и хеликоптер од Црна Гора

Објавено во: Македонија 10 Август, 2021

Добивај вести на Viber

ЦРНА ГОРА ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ

Црна Гора се придружува на напорите за гаснење на пожарите во Северна Македонија.

Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите.

„Помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзината црногорска колешка Оливера Ињац, а ќе биде имплементирана преку НАТО координативниот центар за одговор при кризи EADRCC. Помошта се состои од еден хеликоптер за гасење пожари Бел 412 и екипаж од 4 лица. Пристигнувањето на хеликоптерот се очекува утре, на 11 август, во утринските часови“, информираа од Владата. 

Стојанче Ангелов, директорто на Центарот за управување со кризи, на денешната прес-конференција рече дека денеска ќе биде изгаснат пожарот кај Будинарци во беровско, каде што изминатиот период беснееше најголемото огнено жариште.

„Немаме време за филозофирање. Во овој момент има само четири поќари ,а  најмалку еден сигурно ќе биде изгаснат, а тоа е Будинарци во Берово. 

Само во пожарот кај Будинарци се ангажирани повеќе од 500 лица. 

ДЕНЕС НАД 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Од новозаболените од Скопје се 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци - 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово –  по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар – 5, Тетово – 4, Струмица – 2, Битола – 1.

Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Починати во болнички услови.

РЕСТРИКЦИИТЕ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ПОТТИКНАА РЕАКЦИИ, НУК СЕ ПОБУНИ

Оваа мерка нема никаква епидемиолошка смисла, затоа што сега имаме работа со делта сојот, кој во одредена мера го заобиколува имунитетот стекнат природно или со вакцина, вели во објавен став професорот Драган Даниловски зборувајќи за барањата за потврда за извршена имунизација од новите мерки на Владата кои ќе важат од 16 август. Имено од тогаш се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Даниловски прво вели дека ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3).

Доктор Горан Кунгуловски прати јасна порака до луѓето што не сакаат да се вакцинираат и со тоа го ризикуваат здравјето на сите. Можете и да се иселите и да не се мешате со луѓе, рече тој.

„Најголемите водилки во животот ми се здравиот научен скептицизам и човечкото право за лична и индивидуална слобода.

СДСМ ги заплашува и дискриминира граѓаните, смета ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција за владината одлука да се ограничи движењето на невакцинираните граѓани, додека пак владеачката партија побара од лидерот на опозициската, Христијан Мицкоски, да ги повика граѓаните да излезат и да се имунизираат.

Од НУК, Независна угостителска комора, велат дека со последната одлука на Владата угостителите од 16 август се ставаат во улога на експериментален филтер на проверка дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира во време на пандемија на т.н. вакцинирани и невакцинирани. 

ПОЖАРИ БЕСНЕАТ И ВО ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА

Застрашувачки се снимките од катастрофалните пожари кај турското летувалиште Мармарис. 

Снимката од дрон од малиот крајбрежен град Икмелер снимена пред и по пожарот ги покажува последиците од пожарите кои горат веќе две недели, пренесува Ројтерс. Пожарите оштетија десетици илјади хектари шуми, при што загинаа осум лица, а илјадници луѓе, вклучително и туристи, беа принудени да избегаат.

Грчката новинарка Евлампија Реви почна да плаче во програма во живо, известувајќи од Евија каде беснее пожар. 

Таа почна да плаче при разговорот со жител на малиот град Галатосон на грчкиот остров Евија. Тој со зарипнат глас и објасни дека не спие со денови, затоа што се обидува да ја заштити својата куќа.  Човекот одговори дека нема каде да оди и дека не се плаши од пожарот. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Концесионериот на Технолошко индустриската зона во Тетово, друштвото за инвестиции Нормак Инвестмент груп ќе се докапитализира. Влегуваат свежи 750.000 евра преку издавање долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Одобрението веќе го издаде Комисијата за хартии од вредност, а станува збор за трета емисија во која ќе се издадат 15.000 обични акции во вкупна вредност од 750.000 евра, односно во денарска противвредност од 46.272.825 денари. 

Тендерот кој го доби струмичката градежна компанија „Жикол“ е најголемиот од сите тендери за кои се склучени договори од почетокот на годината до сега. Станува збор за изградбата на крстосници во Скопје, за што Град Скопје ќе плати 18,5 милиони евра

Дел од луѓето кои се вклучени во гаснењето на пожарите во Малешевијата деновиве побарале лекарска помош. Поради вдишување на чад, некои од нив имале потреба од кислородна поддршка.

Во исти ден кога донесе одлука да прогласи кризна состојба и без за тоа да ја информира јавноста, Владата донела уредба за зголемување на платите на дел од вработените во јавната администрација, до 30 отсто од редовната плата, а што би важело за оние работници кои ќе имаат зголемен обем на работа, или се истакнале во кризни ситуации, како на пример онаа со ковидот или со пожарите.

Да не се чека и што поскоро да се почне со пошумување на опожарените површини во Малешевијата, порачуваат од еколошките друштва во овој регион, откако во пожари се уништени огромни површини, а тоа ќе се одрази на загадувањето на воздухот и на туристичките посети.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?