27 Април, 2024
0.0291

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Борбата со пожарите продолжува, помагаат Србите, а пристигнуваат и Бугарите

Објавено во: Македонија 04 Август, 2021

Добивај вести на Viber

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ДЕСЕТИНА АКТИВНИ ПОЖАРИ

Огнената стихија брзо се шири и во источна Македонија. Пожарот од територијата на Општина Пехчево  се шири кон Берово, а беровскиот градоначалник, Звонко Пекевски,  побара од населението да се вклучи масовно во гаснењето.

„Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села. Пожарот е високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина. На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС. Се апелира до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали.Ви благодариме доколку доброволно се вклучите во гаснење на пожарот!“, повика Пекевски на социјалните мрежи.

Борова шума гори во Пехчево. Градоначалникот Драган Тренчовски се надева дека на помош за справување со пожарот ќе пристигнат и пожарникари од Бугарија.

Изгореа 14 куќи и училиштето во селото Дренак каде беснее пожар. 

ИМА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОЖАРИТЕ

Полицијата осомничи неколку лица за дел од пожарите во земјава. 

Околу 15.10 часот, денеска е лишено од слобода 32-годишно осомничено лице дека подметнал пожар над гостиварското село Пожаране. Лицето со иницијали Л.А. е од Република Албанија, а илегално престојувало во земјава. 

ЌЕ ИМА НАГРАДА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ

Парична награда ќе има за пожарникарите. Владата на денешната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината.

„Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината. Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени“, информираат од Владата. 

СКОКНА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19 и тоа Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од  Гостивар (68г и 86г) и едно лице од  Скопје (82г), починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нето приходите од провизии и надоместоци се банкарски хит на оваа полусезона. Сите банки, за кои имаме достапни податоци, книжат солидни растови на нето приходите од провизии и надоместоци. 

Државниот должник МЖ „Транспорт“, кој е акционерско друштво во сопственост на државата, никако да се симне од првата позиција на државни борчлии.

Огромни површини со шуми се претворија во пепел во Македонија. Екологистите велат дека уништувањето на шумите ќе има последици кои сите ќе ги почувствуваме.

Дел од објектот на месарницата „Харизма“ во Прилеп кој е наменет за подготовка на производи од месо на скара е затворен со лента од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако надлежните се сомневаат дека токму од таму е месото на скара со кое се затруле гости на домашна слава.

Најголемата домашно поседувана пиварница има резултат за респект. За првите шест месеци производителот на „Златен Даб, „Крали Марко“, препознатливата „Газоза“ и другите газирани сокови книжи раст на продажбата од речиси половина милион евра. Добивката за пола година е речиси еден милион евра

Пожарите на Македонија и носат милионски загуби со уништувањето на најголемиот национален ресурс. Новообјавениот извештај на јавното претпријатие „Национални шуми“ покажува дека минатата година штетата била повеќе од 80 милиони денари, но има и години кога таа била преку 30 милиони евра.

Во моментов Македонија е во алертна портокалова фаза, проследена со исклучително високи температури кои ја креваат живата на термометрот и до 43 степени. Ваквите временски услови според лекарите се исклучително опасна за хроничните болни.

Младите квалитетни кадри си одат од Македонија барајќи подобри услови за личен и професионален развој. Некогаш самата плата и не е воопшто главна причина за „пакување на куферите“. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“