26 Јуни, 2024
0.0291

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Црквата протестираше против Законот за родова еднаквост, велат ќе ги бранат најмладите од новите идеологии

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАКОНИТЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА

На протестот кој попладнево се одржува пред Соборниот храм во Скопје, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан изјави дека ќе ги бранат децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. 

Вели дека се собрани за достоинствено да го покажат своето прегрнување на сиот свет, како божјо творение. 

„Црквата не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Па самиот нејзин живот е непрестаен бунт, но не бунт против човек, туку против злото, против гревот и против смртта во кои за жал пред нашите очи запаѓа светот. Единствена цел на црквата е да го љуби и преобразува овој свет“, рече поглаварот. 

Академик Катица Ќулавкова вечерва на протестот пред Соборниот храм рече дека трансродност е термин кој ги покажува противречностите. Вели дека симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформирала и форсира нешто друго. Академик Ќулавкова рече дека оваа приказна не е наивна. Додава дека се мешаат поимите пол и род. 

„Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии“, рече таа. 

Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан вечерва од протестот пред Соборниот храм изјави дека во училиштата се делат листови со кои се промовираат хомосексуални бракови. 

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ РОД И ПОЛ СЕ РАЗЛИЧНИ

Министероката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска пред најавениот попладневен протест на МПЦ-ОА против законските измени за родова еднаквост, како и тој за матична евиденција, по брифингот со медиумите изјави дека ќе продолжи понатамошната дебата, но дека како што рече таа, за државата и натаму полот и родот се две различни нешта.

- Како борец за човекови права не можам да кажам дека протест не смее да се одржува. Протестот е легитимно право на секој. Но, легитимно право е да биде кажана и вистината за двата закони. Вистината за дефинициите и за механизмите. Треба да се разбере концептто на родова еднаквост во духот на меѓународните документи и во духот на сето она што постои како регулатива во нашата држава. Родовата еднаквост не е исто што и половата еднаквост. Родовата еднаквост, не е исто што и родов идентитет. Родот и полот се дефинирани согласно постојната регулатива во државата и согласно она што државата си го превзела како обврска од Истанбулската конвенција, рече Тренчевска.


АЛБАНИЈА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ КОН ЕУ БЕЗ МАКЕДОНИЈА?

Албанија може да започне преговори за членство во ЕУ и без Северна Македонија, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. 

Рече дека двете држави може да бидат одвоени на патот кон ЕУ. 

„Тоа е сосема јасно. Самиот Еди Рама неколку пати ми рече „Ние не сме во брак со Скопје“. Ако не можат да ги исполнат европските услови за почеток на преговори, зошто Албанија мора да биде жртва и да чека нешто, за што не е нивна вина, ниту е до нив?“, рекол бугарскиот европратеник во интервју за бугарски „Актуелно“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Шест компании чија претежна или исклучива дејност е продажба на обувки лани направија агегатен приход од 58 милиони евра. Ова е значаен дел од целата продажба на патики, чевли и други обувки во Македонија. Голем бизнис за земја со помалку од 1,8 милиони жители...!

ИГМ Трејд на челичниот магнат Илија Гечев во Кавадарци ќе пушти во употреба уште три фотоцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори, со кои ќе го надмине нивото на моќност од 5 мегавати.

Се бара кандидат кој ќе седне во директорската фотеља на Агенцијата за филм на Македонија. Заинтересираните, поточно лицето кое Владата ќе го одбере да биде директор на Агенцијата, ќе добие мандат од две години.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели