27 Април, 2024
0.0297

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Грчките медиуми пишуваат дека бил спречен атентат на Заев, тој не коментира

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ДЕКА БИЛ СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗАЕВ

Грчките тајни служби и Владата спречија обид за атентат врз лидерот на Северна Македонија, Зоран Заев, неколку месеци по потпишувањето на Договорот од Преспа во летото 2018 година, и пред парламентот да изгласа измена на Уставот со 80 гласови.

Ова беше објавено во „Сандеј тунајт“ од извор близок до тогашното Министерство за надворешни работи. Изворот во исто време бил и неформална врска со тајните служби и Министерството за одбрана, кое имало значајна улога во целиот случај, јавуваат грчките медиуми.

Според изворот, по ратификацијата на Договорот од Преспа од парламентот во Скопје со 69 гласови на 20 јуни (договорот беше потпишан на 12 јуни во селото Псарадес во Лерин во Преспа), политичката тензија го достигна врвот во соседната земја.

Организации на дијаспората од Австралија и Канада го изразуваат својот гнев, и наводно ќе ги финансираат негативните реакции во Скопје, но исто така имаат и средства канализирани за „обезбедување“ на нападот.

Грчките тајни служби го информираат тогашниот премиер Алексис Ципрас дека во Скопје има голема мобилност против Заев. Грчката власт ги вкрстила податоците со американските служби, кои ги знаат реакциите, но не ја знаат нивната длабочина.

12 ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи

на КОВИД-19:

Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Тетово – 23, Куманово – 22, Струмица – 19, Штип – 17, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Велес – по 12, Кочани и Дебар – по 11, Радовиш и Берово – по 9, Битола и Ресен – по 7, Свети Николе – 6, Кратово и Гостивар – по 5, Крива Паланка, Гевгелија и Валандово – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Пехчево – 2, Охрид, Пробиштип, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 12 починати лица: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г  и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

ВО МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ

Министерството за здравство информира дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор и до министерот за здравство д-р Венко Филипче ја достави следната информација за извршен вонреден инспекциски надзор во модуларните болници на територија на Република Северна Македонија

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во 18 модуларни болници лоцирани во следните градови:

Скопје , (ЈЗУ УКИБФС, ЈЗУ УК за педијатрија и ЈЗУ УК заапулмологија) ЈЗУ КБ Штип, ЈЗУ ОБ Кочани, ЈЗУ ОБ Струмица, ЈЗУ ОБ Куманово,ЈЗУ ОБ Прилеп,ЈЗУ ОБ Гостивар,ЈЗУ КБ Битола ,ЈЗУ ЗД  Ресен ( во склоп на ЈЗУ Здравствен дом) ЈЗУ ОБ Гевгелија,ЈЗУ ОБ Струга, ЈЗУ ОБ Охрид,ЈЗУ ОБ Кавадарци, ЈЗУ ОБ Велес,ЈЗУ ОБ Кичево и ЈЗУ ОБ Дебар,

ТЕНЗИИ НА КОСОВО

Амбасадата на САД бара од Косово и Србија да се воздржат од еднострани дејствија. 

Повикаа на смирување на тензиите. Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано, на денешната прес -конференција ги повика Белград и Приштина да ги запрат меѓусебните тензии. 

Многу возила беа запрени денеска на граничните премини Јариње, Брњак и Мердаре, додека косовската полиција не дозволи ниту едно возило од Србија да влезе во Косово без привремени таблички издадени од косовската МУП. Одлуката е претходно изгасана од косовската влада. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Брзиот развој и интензитетот на иновациите, проследени со импресивниот износ на инвестиции во сферата на финансиски технологии во изминатите години, имаа силен ефект врз глобалните финансиски пазари.

Владата ја стопира одлуката за еднократен надоместок што треба да го добие државата од операторот кој сака да ги купи двете фреквенции за 5Г мрежа. Според преговорите што се водат со четирите заинтереси страни, од кои два се постојаните мрежни оператори, Агенцијата за електронски комуникации за 700 мегахерци и З.х гигахерци бара вкупно девет милиони евра еднократно плаќање.

Велат ризикот создава капитал, а најдобрите бизниси се прават во тешки времиња. Особено сега кога хотелската индустрија е силно удрена од корона кризата „ноу нејм“ фирма за нашата јавност во директна спогодба нуди 1,3 милиони евра да купи хотел во Дојран кој не е во функција! 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“