17 Мај, 2024
0.0404

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гужви пред банките, граѓаните почнаа да ја трошат помошта од 6.000 денари

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

МЕТЕЖ ПРЕД БАНКИТЕ

Пред банките денеска имаше големи гужви, затоа што граѓаните побрзаа да ја земат помошта од 6.000 денари која ја доделува државата. 

Овие пари првично требаше да се трошат за домашни производи, но потоа се сменија правилата, така што може да се подигнат во кеш и граѓаните имаат слобода да ги потрошат за што сакаат. Со четвртиот пакет мерки за справување со последиците од пандемијата на коронавирусот помош од 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани за што Владата одвои 27, 3 милиони евра.

Помошта од 6.000 денари која ја добиваат граѓаните од државата на своите сметки, ќе може да се користи без ограничување, децидни се од владата.  На сметките на граѓаните вчера и денеска се уплатени вкупно 1.51 милијарди денари, или 24,6 милиони евра и целта е да им се помогне на ранливата категорија граѓани за полесно пребродување на кризата, а средствата кои ќе ги потрошат ќе се вратат во стопанството.

УШТЕ 14 ЛУЃЕ ЈА ИЗГУБИЈА БИТКАТА СО КОРОНАТА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-250, Куманово-36, Дебар-8, Штип-12, Прилеп-35, Тетово-21, Струга-6, Велес-25, Битола-25, Охрид-21, Кавадарци-31, Гостивар-24, Гевгелија-12, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-4, Кочани-20, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-4, Неготино-14. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти од: Скопје-241, Куманово-33, Штип-25, Прилеп-66,  Тетово-26,  Струга-44, Велес-12, Битола-29, Охрид-51, Кавадарци-2, Гостивар-37, Гевгелија-8, Струмица-11, Крива Паланка-11, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-5, Виница-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-1.

Починати се 14 лица, четири пациенти од Скопје (82, 73, 67 и 58г), еден од Куманово (52г), четири од Прилеп (82, 66, 78 и 71г), еден од Струга (84г), еден од Битола (74г), еден од Охрид (59г), еден од Кавадарци (56г) и еден пациент од Гевгелија (80г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

ОД ВЛАДАТА ДАДОА ДЕТАЛИ ЗА ВАКЦИНАТА

За земјава да ги обезбеди потребните вакцини против коронавирусот се користат сите инструменти, вклучувајќи го и КОВАКС механизмот, кој беше прв на располагање, велат од Владата.

„Веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на КОВАКС механизмот. Согласно планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, започнавме преговори и за директна набавка од компаниите, кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони. Дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Грција ќе бидат наменети за нашите граѓани. Ова e потврдено уште еднаш во телефонски разговор со грчкиот премиер Мицотакис“, изјави на денешната пресконференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Во врска со планот за тоа по кој редослед ќе се вакцинираат граѓаните во нашата држава, портпаролите објаснија дека штом биде достапна вакцината во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа. 

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни рбаоти, рече дека ќе се вакцинира против Ковид-19 и покрај тоа што ја има прележано болеста, откако долго време мина во болница.


СПАСОВСКИ ИМА СОЗНАНИЈА ЗА ТОА КАДЕ ЗАВРШИЛА УКРАДЕНАТА МАРИХУАНА

Канабисот од два тони украден од складиштето во Јосифово и однесен во Арачиново можно е да е веќе продаден, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринското гостување во „Студио 10“ на ТВ24.

- Има индиции да е изнесена надвор од Македонија и да е продадена. Досега од таа кражба се пронајдени повеќе од 300 килограми, но не е најден остатокот од Јосифово. Се анализираат и се обезбедуваат докази, но истрагата не е завршена. рече Спасовски, одговарајќи на прашање.

По обидот за уште една кражба од фабрика во Крушево, Спасовски рече дека до сега откако од септември повторно е на чело на полицијата запленети се 550 килограми на марихуана која се складира во депоата на Агенцијата за одземен имот.

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА СЕ ОГЛАСИ ПО ИЗЈАВАТА НА МУАРЕМИ

Управата за финансиската полиција денеска се јави со појаснување на вчерашната изјава на директорот на оваа институција, Арафат Муареми, која тој ја даде во вчерашното гостување гостување на ТВ 24, во врска со водење на преистражни постапки кон други банки, за начинот на нивно постапување во врска со издадени кредити.

Дадената изјава, како што велат од Управата на финансиска полиција, воопшто не се однесува на сегашни случувања кај банките, односно не упатува на тековни наоди на Управата за вакви активности кај банките. Изјавата, како што се посочува, се однесува на преземени дејствија од страна на банки во период од 2007 до 2012 година.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со судски налог, а по барање на Јавното обвинителство, минатата година биле снимани телефони, следени мејлови, снимни биле и домови, возила, тајно биле следени лица, а се пребарувале и комјутери, се со цел да се приберат докази и да се фатат криминалците кои вршеле серија кривични дела. 

Министерството за образование и наука во 2016 ги потпиша договорите за изградба на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“ познат како Медицинар и за студентскиот дом во комплексот на Државниот универзитет во Тетово, но до денес ниту двата не се реализирани, констатира државниот ревизор, иако требаше да бидат готови за две години од тогаш.

Прилепска „Витаминка“ е убедлив лидер во домашната конкуренција според остварените приходи од продажба кои се речиси 30 милиони евра. Друштвото за девет месеци успеало да ја зголеми оперативната добивка за 56 отсто, а нето добивката за 2,4 пати до ниво од 377.000 евра. 

Се огласи и Народната банка во врска со наводите кои вчера ги изнесе директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Кумановка на возраст од 57 години беше прва жртва на коронавирусот во земјава. Почина кон крајот на март. Овој податок изненади, затоа што претходно се знаеше дека заразени има во Скопје и Дебар.

Подмладокот на СДСМ неодамна го избра Марко Михаилоски за нив претседател кој ќе биде гласот на младите членови во креирањето на политики намери за подобрување на студентскиот стандард, но и прашања за итните реформи кои треба да ја вратат довербата во институциите.

Можеби ќе ве интересира

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник