19 Мај, 2024
0.0406

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Изречени пресуди за „Трезор“, Мијалков доби 8 години затвор

Објавено во: Македонија 13 Април, 2021

Добивај вести на Viber

„ПАДНАА“ ПРЕСУДИ ВО СЛУЧАЈОТ „ТРЕЗОР“

За поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков првостепено е пресудена вкупна казна затвор од осум години за случајот „Трезор“, Горан Грујевски, инаку недостапен за прогонот, доби 15 години, Небојша Стајковиќ пет години, за Тони Јакимовски одредени се исто така пет години. На правното лице „Финзи“ му се конфискува имот од 10.980.000 денари.

Кривичниот суд утврди дека Сашо Мијалков стои зад компанијата „Фензи“ од САД, која не би била конкурентна во набавката на комуникациска опрема доколку не биле раководителите на поранешното Управа за безбедност и контраразузнавање.. 

Утврдена е голема заработка од 870.000 евра преку голема разлика меѓу набавната и продажната цена за набавувачот „Финзи“ на електронска и комуникациска опрема од производителот „ГАМА“, преку која директно одела набавката. Останатат сума од штетата осудените треба да ја вратат во буџетот, одлучи судот, по правосилноста на пресудата.

Предметот „Трезор“ се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

СОБРАНИЕТО Е ДЕБЛОКИРАНО

ВМРО-ДПМНЕ преку координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, соопшти дека ќе ги повлечат амандманите поднесени на измените на Законот за државјанство со цел да се одблокира работата на Собранието и да се изгласа петтиот пакет на економски мерки.

Истовремено побарано е од опозициската коалиција Aлијанса – Aлтернатива да ги повлече сите амандмани поднесени за петтиот економски пакет мерки.

„Заради пазарењето на Заев и СДСМ и нивното лицемерие, граѓаните останаа без помош“, рече Мицевски.

ВЛАСТА ПРЕДЛОЖИ ЛЕКУВАЊЕТО ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ДА БИДЕ ОД 40.000 ДО 305.000 ДЕНАРИ

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека во измените на Законот за здравствена заштита предлагаат дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти во приватните болници да се движи од 40.000 до 305.000 денари. 

-Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка...наведува министерот во неговата објава на Фејсбук.

ДЕНЕС НАД 1.100 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 458, Битола – 96, Куманово – 82, Прилеп – 54, Велес – 47, Тетово – 44, Кавадарци – 36, Гостивар – 33, Штип – 32, Кочани – 28, Кичево – 27, Охрид – 25, Струмица – 22, Валандово – 18, Неготино и Гевгелија – по 17, Струга - 15, Радовиш – 13, Ресен – 10, Берово и Пробиштип – по 7, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Виница– по 6, Демир Капија, Демир Хисар и Кратово - по 3, Крушево, Богданци и Пехчево – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

ПОСТОЈАТ СОМНЕЖИ ДЕКА БРАЗИЛСКИОТ СОЈ ГО ИМА ВО СРБИЈА

Директорката на ковид-болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, за РТС изјави дека има индикации дека бразилскиот сој на корона вирусот се појавил во Србија и дека британската варијанта е сè уште најприсутна меѓу пациентите. Таа предупредува дека секој нов сој на вирусот е многу полош од претходниот и во однос на преносливоста и во однос на морталитетот и апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

Потенцира дека сè уште не може да дава оптимистички изјави во врска со пандемијата, бидејќи нема несто за опуштање.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжена за економски прашања , координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во 2020 година доделил 14,9 милиони евра за шест странски инвеститори, според годишниот извештај на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Се отвора патот македонските граѓани да заминат на работа на брод. 

Дали знаете дека на само пет километри од центарот на градот се наоѓа скопскиот Аквадукт, споменик на наследството од римскиот период, еден од ретките во Баланот, па и низ Европа.

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид