ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски тврди дека му нуделе поткуп за пругата кон Бугарија
Објавено во: Македонија 27 Август, 2024
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МУ НУДЕЛЕ ПОТКУП ЗА ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА
Премиерот Христијан Мицкоски денеска речедека одбил „непристоен прелдог“ кој го одбил, а се однесува на сегмент од изградбата на пругата за поврзување со Бугарија.
Кажа дека за коридорот 8, секцијата три, добил понуда за поткуп и дека веќе го има тоа пријавено.
Тој кажа дека требало да потпише за оваа тендерска документација која завршува на 17 септември, но дека истиот не го прифатил.
„Додека сум јас премиер,не можам никогаш да ставам потпис на проект, да потрошам пола милијарда пари на моите граѓани за проект кој завршува на половина тунел, на слепа улица. Бидејќи бев жртва на обид за поткуп поврзан со тој проект, јас кажав дека ваков каков што нема никогаш да го поддржам, затоа што тука не станува збор за македонските даночни обврзници, туку и на европските“, рече Мицкоски.ГАШИ ОБЈАСНИ ДЕКА ВЈОСА ОСМАНИ ВОЗНЕМИРЕНА МУ СЕ ЈАВИЛА
Ми се јави претседателката Вјоса Османи, гласот ѝ трепереше, децата плачеа и јас сакав лично да отидам за да помогнам, но ми рекоа дека состојбата се смирила, вели спикерот Африм Гаши за инцидентот кој месецов се случи со косовската претседателка на скопскиот аеродром.
„Од морален аспект, јас лично и обезбедувањето во Собранието на аеродромот избегнавме инцидент којшто можеше да има поголеми последици. Се радувам дека се заврши како што треба. Тие луѓе што ги пречекориле своите овластувања МВР ќе постапи како што е законот. Секогаш кога ќе треба да се зближува, да се смирува ситуацијата, ќе настапувам за доброто на граѓаните, да нема конфликти, инциденти и поголеми последици“, вели Гаши.СПОРЕД ССМ, ПЛАТА ВО ПЛИК ЗЕМААТ 25.000 РАБОТНИЦИ
Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов, во „Дејли Клик“ на ТВ21 изјави дека рабодавачите кои даваат плата во плик, го оштетуваат буџетот до 250 милиони евра годишно.
Вели дека 25.000 работници плата примаат во плик, со што се развива сивата економија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Транспортната компанија Ман Експрес на тетовскиот бизнисмен Оливер Стојаноски е нов сопственик на деловните простории на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура што се наоѓаат на булеварот Трета Македонска Бригада помеѓу Кисела Вода и Аеродром во Скопје.Комерцијална банка ги објави Понудата и Проспектот за преземање на Стопанска банјка Битола, кои се јавно достапни за акционерите на Стопанска банка Битола.
Уплатите на идните пензионери во сите три фонда на вториот задолжителен пензиски столб во јули изнесуваат 32,4 милиони евра. Бројот на вработени лица кои штедат во овој систем произлезен од големата пензиска реформа надмина 602.000 лица, а просечно по глава на инвеститор досегашната заштеда е 4.080 евра. Дури 65% од нивните пари се вложени кај државата во обврзници
Бројот на патници кои биле превезени во првите три месеци од годината има значителен пад кај железничкиот превоз, кај автобусиот благ раст, додека позначаен раст има кај авионскиот превоз.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.