27 Април, 2025
0.0360

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски преку Минск планирал да избега во Москва

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2025 21:36

Добивај вести на Viber

ПАЛЕВСКИ ПЛАНИРАЛ ДА БЕГА ВО РУСИЈА

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски планирал да замине во руската престолнина Москва. 

Кај обвинетиот Палевски, при претресите се пронајдени различни папки и документи, како и комуникации на социјалните мрежи.

„На 27.11.2023 осум инстант пораки од кои една во 7:29 на турски јазик, а  останатите на 4.12.2023. Комуникација на ватсап, Фејсбук. На Фејсбук се користени девет различни профили од кои што во интерес се две комуникации остварени на 1.12.2023 со Влатко Кешишев и со Стефан Димковски. На Инстаграм користел само еден профил на 23.11.2023“, вели обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.

ВМРО-ДПМНЕ ТВРДИ ДЕКА НЕ РАЗГОВАРААТ ЗА ПРОМЕНА НА ХИМНАТА

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара.

За промената на грбот веќе е потврдено дека ќе се менува. 

„ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

ЗАВРШИ ДИСЦИПЛИНСКАТА ЗА ЧУВАРИТЕ КОИ НА ВАСИЛ МУ ДАЛЕ ТЕЛЕФОН ВО ЗАТВОРОТ

Александар Пандов, директорот на Управата за извршување санкции, изјави дека дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени.

По пронајдениот телефон кај престапникот познат уште и под името Васо, полициски службеници од Интервентната полиција отишле да направат претрес во притворскиот дел, при што биле пронајдени 70 телефони. Контрола била направена и три дена подоцна, вели Пандов, и во истиот дел од затворот биле пронајдени уште 35 телефони. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Државата за оваа година со само предвидени 10 милиони евра за изградба на станови за комерцијална продажба ќе им конкурира на бројните и далеку помоќни градежни инвеститори, кои ги билдаат цените се повеќе од година в година.

За тоа во каква финансиско-материјална состојба е ЈСП Скопје повеќе од доволно говори фактот што на тендер за набавка на дизел гориво за стотици автобуси се јавил само еден добавувач. И при тоа се обврзал дека нема да го запре снабдувањето со дизел гориво на ЈСП Скопје дури и јавното претпријатие да не плаќа редовно. Но сатоа пак ќе пресметува затезна (казнена н.з.) камата за секој денар ненаплатен на време

Нацрт законот за административни службеници, кој од неодамна е подготвен и објавен на Националната платформа ЕНЕР, носи многу новини, а меѓу поинтересните, секако, е и онаа за тоа како ќе се бара одговорност за работењето на административните службеници.

Владата се задолжи за 22,3 милиони евра на домашниот пазар, а обврзницата од денеска почна и да котира на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност

Познати се и сумата и изворот на големите пари кои влегуваат во ГОБ „8 Септември“. Инвестицијата ќе биде наменета за модернизација на хируршкиот оперативен блок, и Одделот за анестезија, реанимација и интензивна нега на скопската градска општа болница. Со вложување од 12 милиони евра, пари кои Владата ги пренамени од договорот за концесија со ТАВ Македонија, оваа здравствена установа ќе добие подобрени услови за работа, што би можело да биде клучен чекор во унапредувањето на нејзиниот статус.

Можеби ќе ве интересира

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО