14 Декември, 2025
0.0390

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнаа блокадите на патиштата, Пендаровски вели дека лица од други држави се дојдени да предизвикаат инциденти

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2022 21:33

Добивај вести на Viber

ПОЧНАА БЛОКАДИТЕ НА ПАТИШТАТА

Активистот Љупчо Палевски познат во македонската јавност како Палчо од утринава заедно со уште неколку свои истомисленици  го блокираше автопатот А4 попознат како автопатот Скопје – Штип во двата правци.

Патната делница е времено блокирана кај наплатните пунктови запатарина. Блокадите додава тој ќе траат се додека не се исполнат барањата за целосен прекин на преговорите за идентитетот, јазикот и историјата.

ПЕНДАРОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЛИЦА ОД СОСЕДНИ ЗЕМЈИ СЕ ДОЈДЕНИ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ИНЦИДЕНТИ

Претседателот на државата, Стево Пендаровски вели дека луѓе од други земји се дојдени во Македонија со цел да испровоцираат инциденти.

Тој интервју за Тв 21 изјави дека Руската федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог. 

„Имаме неколку дузини луѓе кои се дојдени од некои од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти на протестите. Не се наши државјани“, вели Пендаровски.

Претседателот објаснува дека ретко кое момче од 18 години знае што е молотов коктел, да го направи и кога треба да го фрли.

МИЈАЛКОВ СЕ СПОГОДИ ЗА „ИМПЕРИЈА“

Екс шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството за организиран криминал за случајот „Империја“. Тој е осуден на 3 години затвор и ќе треба да исплати 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот. Одземен му е и имот во вредност од околу 30 милиони евра.

Пред неколку месеци Обвинителството го замрзна имотот на Мијалков, односно уделите во познатиот скопски хотел Мериот, како и апартмани и гаражи во Скопје со површина од над 800 квадратни метри.

ВО ГРЦИЈА УАПСЕНИ СЕ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗА ШВЕРЦ НА ДРОГА

Тројца државјани на Северна Македонија, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата се уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Инфлацијата забрзува, а ако продолжи темпото на раст и на забрзување на поскапувањата ни се заканува дополнителна економска криза, но и можни социјални немири. Ова го посочува економистот Здравко Савески, кој за Фактор потенцира дека неизбежни се мерки кои ќе го сузбијат растот на цените на производите. 

Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси го објави анкетниот лист на народниот правобранител Насер Зибери, а таму има имот кој сумирано може да се вреднува на милион евра.

Кредитните пласмани на банката надминаа 800 милиони евра што е за 12 отсто подобар резултат од претходната година. Воедно Халк банка до крај на 2021 година во хартии од вредност пласирала вкупно 135,4 милиони евра

Во хотелите во Македонија има сè повеќе работници на возраст околу 50 години. Персоналот го дополнуваат и млади кои одат во средно училиште, а преку лето сезонски работат во туризмот. Но, недостигаат кадри на возраст од 25 до 45 години. 

Една од димензиите на народните протести против „францускиот предлог“ е и визуелниот идентитет, силно изразени преку зборот „НЕ“. Зад повеќето од нив стои македонскиот дизајнер Ласко Џуровски, кој е инспириран од новите неправди со кои се соочува Македонија. Тој редовно објавува илустрации кои ја претставуваат состојбата со негациите, но се и израз на револт и достоинство. 

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија