17 Мај, 2024
0.0304

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Превирања околу пописот, Левица обвини дека се коригираат податоци, Симовски вели нема можност да се попишат тие 130.000 непопишани

Објавено во: Македонија 02 Април, 2022

Добивај вести на Viber

ЛЕВИЦА ОБВИНИ ДЕКА СЕ МЕНУВААТ ПОДАТОЦИ ВО РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ

Пратеникот од Левица, Борис Крмов на социјалните мрежи објави дека власта ги коригира резултатите од пописот. 

„Криминалците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки! Од првични 355 атеисти, сега станаа 8.764?! Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? Каков е овој попис, по нарачка ли? Ова е невиден скандал! Оваа лакрдија веднаш да се поништи! Сите ќе одговарате!“, напиша Крмов. 

Овој попис е срамота  и ние не го признаваме и тој што го спровел треба кривично да одговара, вели Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77. 

Тој најави нов попис кој од куќа на куќа ќе го спроведат Ромите во Македонија.

СИМОВСКИ ВЕЛИ НЕМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПОПИШАТ НЕПОПИШАНИТЕ 132.000 ГРАЃАНИ

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски во емисијата Стадион на Канал 77 изјави дека да се попишат непопишаните 132.000 лица со еден дополнителен мини попис, едноставно е невозможно. 

„Прво законски тоа не можеме да го направиме, треба да се донесе некој нов закон, каде што ќе се прецизира таа активност, ако е воопшто тоа можно од законски аспект. Овој закон тоа не ни дозволува  да го направиме. Второ, Пописот се спроведуваше во критичен момент, состојба на 5-ти септември, што значи до ноември, декември, до кога хипотетички би се спровел, состојбите ќе се променат, некој ќе почине, ќе се исели или ќе го промени местото на живеење,“ образложи Симовски. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА 300 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Битола – 19, Охрид – 16, Прилеп и Кавадарци – по 13, Струмица – 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево и Делчево – по 4, Тетово и Струга – по 3, Штип и Кочани – по 2, Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово, Богданци, Кратово и Крушево – по 1. 

РУСИТЕ НАПАДНАА УШТЕ ДВА ГРАДА ВО УКРАИНА

Русите извршија напади во уште два украински града. Украинските власти информираа за нападите. 

Руски ракети рано утрото погодија два града во централна Украина, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради, изјави лидерот на регионот Полтава, пренесува Ројтерс.

„Проектилот погоди еден од инфраструктурните објекти во текот на ноќта. Кременчук. Многу напади на градот наутро“, напиша Дмитриј Лунин во објавата на социјалните мрежи.

УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ЈА ВРАТИ КОНТРОЛАТА ВО БУЧА

На улица во Буча, град близу Киев се пронајдени најмалку 20 безживотни тела. 

Западните медиуми пишуваат дека најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека Се пронајдени на една улица откако украинските сили ја презедоа контролата врз Буча.

Засега не се познати причините за смртта, иако најмалку едно лице има голема рана на главата.

Можеби ќе ве интересира

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник