03 Мај, 2024
0.0310

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Софијанова вели дека клиниката е нејзин дом, а платата никогаш не била 300.000 денари

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

СОФИЈАНОВА ДАДЕ ПОЈАСНУВАЊЕ ЗА ВИСИНАТА НА ПЛАТАТА

Директорката на Детската клиника, Аспазија Софија, се огласи на социјалните мрежи со демнат дека нејзината плата изнесува 300.000 денари по вчерашното јавно објавено видео од новинарот Фуркан Салиу, во кое тој тврди дека поголемиот дел од примањата на докторката се од надоместоци за дежурства.

„Почитувани пријатели и сите останати. Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност.

Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања.

Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш“, тврди Софијанова.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ГИ ОТФРЛИ ПРЕПОРАКИТЕ ЗА КЛУБОТ ИВАН МИХАЈЛОВ

Министерството за правда ја отфрли препораката на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација дека треба да се преиспита името, статутот и програмата на бугарскиот културен клув „Иван Михајлов“ како здружение. Од министерството велат дека во овој случај немаат надлежност.

- Министерството за правда нема дадено согласност за употреба на името ,,Иван Михајлов”. Во однос на постапката за регистрација на здружението,,Иван Михајлов‘‘, до Министерството за правда на ден 27.02.2019 година доставено е барање за давање на согласност за регистрација во Централен регистар. Министерството за правда со допис од 05.03.2019 година достави одговор на барањето со кое се известува подносителот дека согласно член 9 став (1) од Законот за здруженија и фондации  Министерството за правда издава одобрение за употреба на зборот ‘‘Македонија‘‘.

ЕВРОПА ВРШИ ПРИТИСОК НА СРБИЈА

Европската Унија(ЕУ) не ја исклучува можноста за воведување визи за Србија. 

Еврокомесарката Илва Јохансон изјави дека во случај на непочитување на Унијата, суспензија на безвизниот режим за граѓаните на Србија не е исклучено, пишува српска Нова. Има критики за Србија за мигрантите. Велат дека Беград придонел за пристигнување на повеќе мигранти во ЕУ. 

„Марионета, предавник“; вака Русите го навредуваат српскиот претседател Александар Вучиќ поради осудата на анексијата на украинските региони. 

Неколку видни Руси го нападнаа Вучиќ. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ГА-МА добро ги плаќа своите вработени. Лани за нив се исплатени вкупни бруто трошоци од 1,1 милиони евра односно бруто со вклучени придонеси на месечно ниво просечно вработен ја чинел ГА-МА 1.500 евра. 

Благодарение на прекуграничната е-трговија и на магацините во странство кои ги изнајмуваат кинеските компании, нивните производи во денешницата стигнуваат многу побрзо до клиентите. 

Во вториот квартал од годинава неколку државни јавни претпријатија или АД во државна сопственост работеле со загуби, односно со негативен финансиски резултат.

ЕСМ по неполни два месеци го промени директорот од прилепско Лажани, инаку сопственик на локален маркет, кој досега беше прв човек на подружницата која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја.

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, денеска го изнесе својот став за предлогот на Владата и Министерството за економија, училиштата и околу 100 до 150 компании за храна да бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија. 

За денеска е закажана подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика, на која ќе се разгледуваат одлуки за издавање лиценци за регулирано производство на топлинска енергија. Исто така на дневен ред е и одлука за лиценца за дистрибуција на топлинска енеригја како и лиценцата за снабдување со топлинска енергија .

Поради намаленото производство на млеко во државата, скапите енергенси, но и поскапата работна рака, и натаму ќе растат цените на млечните производи.

Можеби ќе ве интересира

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи