27 Април, 2025
0.0270

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсени уште седум полицајци за пожарот во Кочани

Објавено во: Македонија 15 Април, 2025 21:55

Добивај вести на Viber

НОВИ АПСЕЊА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Издадена е наредба да се приведат уште седум полицајци за пожарот во Кочани кој изби на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 59 луѓе, а потоа уште двајца починаа од повредите. 

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во гостување во „Топ тема“ на „Телма“ изјави дека во овој момент јавниот обвинител издал наредба за приведување на уште седуммина полициски службеници во рамките на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ПРОВЕРУВА ПОРАНЕШНОТО РАКОВОДСТВО НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

Неофицијално, поранешното раководство на Прилепската болница е на тапет кај Управата за финансиска полиција и на Основното јавно обвинителство Прилеп. Повеќе детали се очекуваат во следниот период.

Финансиската полиција од утрово вршат претреси на повеќе локации во градот поради сомнежи за финансиски злоупотреби на Прилепската болница, потврдија од Обвинителството.

КРИВИЧНИ И ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД МАКЕДОНСКИ БРОД

Кривична пријава е поднесена за социјалните работници од Македонски Брод кои не пријавиле силување. Против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кичево за кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“.

Пријавите се за  Р.С. (38), директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод и К.В. (44), социјален работник во истата институција.

МАКЕДОНИЈА И ОАЕ ПОТПИШАА ДВА ДОГОВОРИ

Македонија и Обединетите Арапски Емирати(ОАE) потпишаа договори за економска соработка, трговија и размена на знаење. 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со шеик Абдула бин Зајед Ал-Нахјан, заменик премиер и министер за надворешни работи на Обединети Арапски Емирати, потпишаа два договора, едниот за економска соработка, трговија и инфраструктура, а другиот за размена на знаење и искуства помеѓу двете дипломатски академии, информираат од Владата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Агенцијата за управување со одземен имот пред една година ја продала конфискуваната вила со атрактивно земјиште на Водно што некогаш му припаѓаше на црногорскиот бизнисмен Миодраг Марковиќ за нешто повеќе од милион евра и тоа е главниот остварен приход кој потоа бил префрлен во државниот буџет во текот на минатата година.

И оваа година за Велигден за многу граѓани јагнешкото месо е луксуз и нема да можат да си дозволат да си купат. Но, оние кои сакаат да си купат јагне за празникот, ќе треба да одвојат најмалку 100 евра.

КБ Прво пензиско друштво управува со 1,34 милијарди евра пари на идни пензионери. Лани друштвото за своите услуги наплатило вкупно 6,77 милиони евра од што чиста доивка му останале 54,6% од приходите

Добивките се познати, но убаво е кога ќе се направи едно сеопфатно рангирање на сите 93 котирани друштва, со цел да се види кој како ја завршил ланската година, и кој всушност како стои во македонскиот бизнис.

Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии ќе претрпи измени на барање на Царинската управа. На веб платформата ЕНЕР веќе се објавени измените со кои треба подобро да се регулира овој сегмент, и ќе им даде овластувања на цариниците да спречат увоз на производи во случај кога за истите ја нема целата потребна документација.

Можеби ќе ве интересира

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО