26 Јуни, 2024
0.0301

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Внукот на Ахмети ќе добие 39 отсто од „Соравиа“, а Мерко ќе ја предаде документацијата која ќе му ја побараат

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ ЌЕ ДОБИЕ 39 ОТСТО ОД „СОРАВИА“

Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска пред медиумите рече дека ќе добие 39 отсто од уделот во деловниот објект „Соравиа“ во центарот на Скопје, само поради претприемачкиот дух.

Во структурата на сопственоста, 39 отсто ќе му припаднат на сопственикот на „ТОР Индустрис“, 51 процент ќе добие неговиот  партнер од Албанија, Владимир Пјетерџокај како сопственик на Пе-Вла-Ку од Албанија, а 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравиа.

Ахмети пред новинарите рече дека за овој удел нема да плати ниту евро, туку дека овој процент од сопственоста ќе му следува само поради претприемачкиот дух.

МЕРКО ЌЕ ЈА ПРЕДАДЕ ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ШТО ЌЕ ЈА ПОБАРААТ ОД НЕГО И ОД ОПШТИНАТА

Една недела откако Рамиз Мерко беше ставен на „црната листа“ на САД, денеска на својот профил струшкиот градоначалник реши да се огласи и порача дека ќе ја предаде секоја документација што истражните органи ќе ја побараат од него и од Општина Струга.

„Од Претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга.

По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции.

СЕ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ЕПИСКОП СТОБИСКИ Г.ЈАКОВ

Подготвен сум да бидам суден оти ја говорев и исповедав вистината, вели Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков на одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека како свештеното лице во својот речник употребил говор на омраза и треба да се извини.

Вели дека добил претставка од Квир Центарот во Скопје, порано познат како Субверзивен фронт, дека ширел говор на омраза и насилство врз трансродовите лица со тоа што во гостување во емисијата Детектор, каде се дебатираше за Законот за родова еднаквост, искажал ставови кои ги потврдуваат како што вели врвни светски стручни лица, доктори, психолози и психијатри. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во три часот утринава, во населбата Илиден, целосно било запалено возилото од марката „Рено Клио“ на командирот во Идризово, ексклузивно дознава Фактор.

Италијанскиот сопственик на фабриката „Кондево“ во Штип, Рафаеле Џанони, по седум години раководење, ја отстапи фабриката на управување на новопоставената директорка Ѓулај Салиевска - Ѓештаковска од крајот на месецов.. 

Последните податоци од Европскиот статистички центар покражуваат дека енергетската криза повторно го врати во игра јагленот. Како што објавува „Евростат“, производството и потрошувачката на јаглен во текот на 2022 година повторно се зголемиле. 

„Дебарски бањи Цапа“ ги израдува своите стотина акционери со дивиденда која изнесува 214 денари нето по акција. Вака може и не личи дека е многу пари, но тоа е 14 отсто дивиденден принос во однос на последната пазарна цена на таа акција која изнесуваше 1.500 денари. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели