ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри
Објавено во: Македонија 21 Март, 2023
ЗАТВОРЕНИЦИ КОПАЛЕ ТУНЕЛ ЗА ДА ИЗБЕГААТ
Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречило организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, по веста дека е ископан подземен тунел.
Осудениците кои копале, според сознаниијата кои ги добило МВР, биле најмалку осуммина кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор. Копале од кај просторијата за јаглен.Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека е разрешен досегашниот директор на затворот Идризово и е именуван Генерал мајор Зоран Јовановски, магистер, кого го претстави како висок професионалец со богата кариера во МВР, со бројни меѓународни обуки.
- Преземени се мерки за санирање на состојбите во КПД Идризово, беше краток премиерот во одговор на прашањето за откриениот подземен тунел од 60 метри кои го ископале осудениците за бегство.ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ НА ЈАЈЦАТА И ОРИЗОТ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска објави дека јајцата од кокошка и оризот се замрзнуваат по цени од 15 март, со цел да нема дополнителни поскапувања пред престојните верски празници. Мерката е со важност до 30 април.
- Трговците имаат обврска да ги продаваат во количини во кои редовно се продавале во јануари и во февруари 2023.
Во изминатиот период утврдивме значајни измени во цените на овие производи како резултат на движењата на увозот и извозот, а за таа цел пред Велигден и Рамазан Бајрам да се спречи евентуален дисбаланс, рече Ковачевски.ГРУБИ ВЕЛИ ДЕКА БАСКЕТОТ МУ Е ОД ПЕРО АНТИЌ
Првиот вицепремиер Артан Груби во емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека сите спортски реквизити кои ги има во кабинетот во Министерството за политички систем не се купени со пари на јавни набавки, туку дека му се донирани.
- Голчето ми е дадено од Фудбалската федерација на Македонија, баскетот ми е поклонет од Перо Антиќ, а ракометната топка од Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт која ќе биде дел од Министерството за политички систем и ќе ги претставува интересите на сите групи, рече Груби.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Продажбата на квасец и медицински алкохол (познат како спирт) произведен во единствената македонска компанија за таа намена порасна за 40 отсто лани во споредба со претходната година. Но и покрај тоа компанијата и лани работеше со загуба и тоа втора година по ред. Дали е причината во инвестицискиот процес со кој Квасарата станува производител на зелена струја?