Добивај вести на Viber
Фактор Ви подарува книга. НОВИТЕ ПРАВИЛА НА МАРКЕТИНГОТ И НА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТ, од Дејвид Мирман Скот секако е предизвик за нашите читатели да бидат креативни, а воедно да ги прошират своите видици. На нашиот читател кој ќе го даде најкреативниот одговор на прашањето „Која е улогата на маркетингот во денешно време“ (Ве замолуваме одговорот оставен на нашата Фејсбук страна под овој текст, да нема повеќе од 10 реда!) ќе му ја додели оваа книга, актуелно четиво, со исклучително значајни совети и бројни примери, кои се неопходни за новото време. Дело кое секој успешен човек треба да го прочита.
Поимот маркетинг трпи големи промени. Секојдневно се појавуваат предизвици во работењето кои требаат ефективно да се решаваат. Традиционалните медиуми го губат своето значење, потрошувачите се попребирливи и почувствителни. Денес сите живееме во ера на дигитална економија, каде битовите полека ги заменуваат атомите, времето се мери во стотинки а не во секунди, а опкружувањето во кое го водиме бизнисот го гледаме, но не можеме да го видиме. Сите сме дел од еден поврзан свет т.н глобално село...Интернетот, дигиталните медиуми се облакот по кој комуницираме. Колку подобро ги владееме новите медиуми, толку повеќе можеме да заштедиме средства од нашиот буџет, да имаме подобра кампања и таргетирана комуникација. Книгата “Новите правила на маркетингот и односите со јавноста“ од авторот Дејвид Мирман Скот претставува врвен водич за користење на дигиталните медиуми (социјалните медиуми, блоговите, онлајн-видеата, мобилните апликации и виралниот маркетинг) со цел ефективна комуникација со милиони потрошувачи.
Брендот веќе не е доволно да има физички и емотивни предности за луѓето – тој мора да покаже во што верува и кои етички норми ги почитува. Комуникацијата веќе не може да биде само еднонасочна, од брендовите кон потрошувачите-доаѓа ерата на партиципацијата. Брендовите ќе треба да побудат интерес и доверба за да предизвикаат интеракција и придонес од своите потрошувачи.
“Новите правила на маркетингот и односите со јавноста“, е книга наменета за менаџери, претприемачи и сопственици на бизнис, за сите оние кои се амбициозни, кои сакаат континуирано да учат и да се надградуваат, да бидат иновативни и пред се успешни во она што го работат. Ве води низ најактуелните трендови од областа на маркетингот и ви нуди акционен план кој ќе ви помогне да ја искористите моќта на Интернетот за да изградите препознатливоста на својот бренд и да ја зголемите продажбата.
Актуелно четиво, со исклучително значајни совети и бројни примери, кои се неопходни за новото време. Дело кое секој успешен човек треба да го прочита. Ако на радиото како медиум му требаа 38 години за да дојде до бројка од 50 милиони корисници а на телевизијата за истата бројка и требаа 13 години, на Интернетот му требаа само 5 години за да го достигне тој број на корисници. Овој факт само го потврдува брзиот развој и прифатеност на интернетот и социјалните мрежи како медиум и како глобален феномен, кој се истакнува со своето значење, со брзината и ефикасноста и се наметнува како ефикасен канал за остварување на комуникациските цели.
Редакција Фактор
Името на добитникот на книгата по една седмица ќе биде објавено на Фејсбук