18 Мај, 2024
0.0317

Фармацевтите реагираат – измените во Законот за лекови ќе не уништат!

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Одлагање на планираните измени во Законот за лекови и медицински помагала, бараат од Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки во Сојузот на стопански комори (ССК). Според нив, се работи за клучно законско решение од кое зависи опстанокот на фармацевтската фела. Особено реагираат на одредбите кои предвидуваат да нема капитално управувачка или роднинска поврзаност меѓу сопствениците на веледрогерии и на аптеки. „Ваквата законска одредба нема економски ефект за никој, а напротив кај тие фирми, кај кои веќе постои капитална поврзаност во истите со години се инвестирало, преземени се договорни обврски, вклучувајќи и банкарски кредити со домашни и странски банки, банкарски гаранции, кои што зависат и од сопственичката структура. Доколку се реализира ова постои реална можност стотици вработени да останат без работа, т.е да предизвикаме дополнителен негативен ефект врз економијата во Република Македонија“, велат од Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки во ССК. Дополнително, Групацијата смета дека не може правно лице регистрирано за промет на големо со храна, пијалаци, тутун и нафтени деривати, да продава и лекови. „Со ова се поставува прашањето дали надлежноста на бензинска станица се поистоветува со дејноста на веледрогерии и аптеки. Односно се дава простор на гранки кои имаат друга основна дејност да ја зголемат можноста за заработка на сметка на веледрогериите и аптеките на кои основна дејност им е промет и издавање на лекови. Во поглед на заштита на граѓаните и нивното здравје се остава простор при издавање на лекови од страна на вработените во продавници за храна, пијалаци и тутун или бензински пумпи да се направи грешка при издавање и да се издадат фалсификат лекови т.е да се остави простор за злоупотреба на купените лекови. Сметаме дека инспекциската служба при Бирото за лекови  едноставно физички нема да може да ја покрие контролата на теренот на сите продажни места“, стои во соопштението од Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки во ССК.Заради овие причини, фармацевтите бараат одлагање на измените и формирање на комисија која ќе ги разгледа сите аспекти и ќе понуди квалитетно законско решение.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа