18 Мај, 2024
0.1542

Фатен човекот кој ставал отров во храната во Германија

Објавено во: Свет 30 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Германската полиција го уапси осомничениот за уцена на супермаркети преку закани за труење со храна. 

Човекот е уапсен во петокот од полицијата во Офтеринген, во близина на југозападниот дел на Тибинген. 

Полицијата бараше лице кое испратило писма до компаниите и полицијата, во кои се заканува дека ќе загади со отров прехранбени производи во Германија и во странство ако не му се исплатат 10 милиони евра. Тој се закани дека освен на југот од Германија, ќе ја затруе и храната во Европа. 

Баран беше човек снимен од камери како става храна на полиците во супермаркет во Фридрихсхафен. Подоцна се пронајдени пет отровни тегли со храна за бебиња.

Обвинител во градот Констанц изјави дека осомничениот се заканувал да отруе 20 различни видови на храна и именувал одредени фирми во Германија и во странство. Стотици луѓе ја контактираа полицијата на отворена специјална „жешка линија“ за да обезбедат информации за да помогнат во пронаоѓањето на уценувачот.

Заканата од отруени со етиленгликол производи во Германија важеше не само за храна за бебиња, туку и за 20 видови храна кои изнудвачот смета дека отрови пуштил во продажната мрежа на сите големи германски синџири.

Полицијата во Германија предупредува да се внимава при отварање на тегли – ако не го слушнете специфичниот отвор на тегла, подобро е да не ја конзумирате. Истото важи и за друго пакување на храна – ако пакувањето е оштетено, има дупки на него или е скршено, подобро е да не се јаде, бидејќи етилен гликол може да се инјектира во друга храна.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков