09 Јуни, 2023
0.0239

ФАТЕНИ ПРИ ОБИД ЗА ШВЕРЦ НА 13 ИЛЈАДИ ЛИТРИ НАФТА! Војната ги натера Украинците на илегала

Објавено во: Балкан 28 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Српски цариници спречија обид за шверц на 12.650 литри нафта скриени на брод со украински екипаж, кој пловел под австриско знаме, во цистерни кои требало да содржат вода, соопшти вчера српската Царинска управа.

Прекршокот е откриен при контрола на влезот на Дунав меѓу Романија и Србија, на граничниот премин Велико Градиште. Бродот пловел под знамето на Австрија, а на него имало седумчлен украински екипаж.

Сега на Србија треба да и платат околу 25.420 евра

При проверка на документацијата на бродот и мерење на количеството на погонско гориво било констатирано отстапување, па деталната проверка покажала дека таканаречените баласт резервоари биле наполнети со повеќе од 12 тони нафта, иако требало да содржат вода која служи за одржување рамнотежата и стабилноста на садот.

Според итна постапка во прекршочниот суд, прекршителите се должни во државниот буџет на Република Србија да уплатат повеќе од три милиони динари или околу 25.420 евра на име противвредност на шверцуваното гориво и казни.


Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи: Вучиќ на повеќето состаноци е вистински крал на драмата

Вјоса Османи: Вучиќ на повеќето состаноци е вистински крал на драмата

Дали Курти ќе прифати Заедница на српски општини?

Дали Курти ќе прифати Заедница на српски општини?

Момчиња истепале дете од Кина во српско училиште, тоа донело нож

Момчиња истепале дете од Кина во српско училиште, тоа донело нож

Косово да им попушти на Србите или ќе трпи последици

Косово да им попушти на Србите или ќе трпи последици

НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ НАДЕЖ ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве што велат блаканските метеоролози

НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ НАДЕЖ ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве што велат блаканските метеоролози

ОТКРИЕНО Е ЗОШТО КОСТА К. ГАЃАЛ ЗАЧУДУВАЧКИ ПРЕЦИЗНО - користел специјално направен пиштол, еве која е додатната опрема

ОТКРИЕНО Е ЗОШТО КОСТА К. ГАЃАЛ ЗАЧУДУВАЧКИ ПРЕЦИЗНО - користел специјално направен пиштол, еве која е додатната опрема

ОД БАЈОНЕТ ДО АМЕРИКАНСКИ „ГЕТЛИНГ“:Србите враќаат ретко оружје во акцијата за разоружување

ОД БАЈОНЕТ ДО АМЕРИКАНСКИ „ГЕТЛИНГ“:Србите враќаат ретко оружје во акцијата за разоружување

КУРТИ ЗА СРЕДБАТА СО ЕСКОБАР И ЛАЈЧАК: Не добив никаков ултиматум

КУРТИ ЗА СРЕДБАТА СО ЕСКОБАР И ЛАЈЧАК: Не добив никаков ултиматум

Во пукање во Сомбор има ранети

Во пукање во Сомбор има ранети