Вработените протестираат, фрчат кривични пријави за Фени
Објавено во: Економија 30 Ноември, 2018
Тужба против „Кунико Рисорсис“ од Холандија, „Кунико Маркетинг ФЗЕ“ од Обединетите Арапски Емирати и против Јусуф Миракхмедов и Маниш Агарвал, одговорни лица во Фени поднел стечајниот управник на комбинатот Мирослав Анастасиевски. Според тужбата тие го оштетиле „Фени“ за 51 милион долари и со тоа придонеле компанијата да оди во стечај.
Инаку денеска судот во Велес повторно одлучува за планот за реорганизација на „Фени“, откако таква одлука донесе Апелациониот суд.
Вчера вработените во комбинатот побараа да се стави крај на стечајот и да не се пролонгира стечајната постапка, а денеска тоа го прават и со транспренти пред судот.
Додека се види исходот од денешното рочиште, според информациите, Анастасиевски, поднел кривична пријава и при Основното Јавно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против Јусуф Миракхмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев. За нив се тврди дека ја злоупотребиле позицијата, злосторнички се здружиле фалсификувале исправа.
Неодамнешната одлука на Судот за враќање на планот за реорганизација поднесен од ГСОЛ/ Еуроникел, а изгласан и потврден од 98 отсто од доверителите, предизвика големо разочарување кај вработени кои постојано се во исчекување на конечно решавање на нивната состојба и иднина. Затоа, непосредно пред новото рочиште во велешкиот суд, тие побара да се стави крај на стечајот, да може Фени да работи во полн капацитет и со тоа да се подобри и нивниот статус.