Добивај вести на Viber
Субрата Рој заедно со семејството пристигнува во земјава, објави Амриш Чандра, главен координатор на Сахара Балканскиот мировен фестивал. Доаѓањето на индиесот е поради одржување на фестивалот чиј организатор е неговата компанија Сахара.
Денеска на плоштадот Македонија, со танци, песна и тапани се најавиуваше Сахара фестивалот.
„„Сахара Групацијата одлучи мировниот фестивал да се организира тука, затоа што овие простори некогаш преживеаја бурни времиња а денес уживаат во благосостојбата на мирот. Тоа значи дека семето на мирот е засеано тука, ги нема веќе бурите од вчера, утре ќе го живееме она што ќе го создадеме денес и затоа денес е сè што имаме. Затоа е време да започнеме и ние да размислуваме за оваа тема, што би можеле да направиме како индивидуалци за зачувување на мирот“, изјави Амриш.
Денеска беа најавени дел од содржините на мировниот фестивал. Тој ќе се отвора со штафета на мирот која што ќе ја носат македонски јавни личности, а официјалното започнување на фестивалот е со полноќниот настан на Камен мост, кога симболот на обединување и премостување како и центарот на Скопје ќе бидат обоени во сино.
Самиот Субрата Рој, кој заедно со семејството пристигнува во Скопје некелку дена порано, ќе биде еден од говорниците на настанот