20 Декември, 2025
0.1546

Фестивалот на гифови – GIFEST пристигна во Скопје!

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2015 14:12

Добивај вести на Viber

Фестивалот на графичко-компјутерската уметност GIFEST доаѓа во Концепт 37.

Ќе започне од сабота 4 јули во 20:00 часот, со кратко предавање за  гифови и со специјален видео мапинг на сите гифови кои што учествуваа на овогодинешниот GIFEST кој што се одржа во Суботица.

Со GIFEST заедно доаѓаат неговиот основач и организатор Мирјана Шормаз Митриќ од Суботица, како и првиот победник на GIFEST Адријан Каравдиќ од Виена, кои во рамките на фестивалот ќе одржат и работилница за гифови.

gifest-cover-3

Работилницата ќе се одржи во недела, на 5 јули, со почеток од 1100 часот, во арт кафулето Концепт 37, учеството е бесплатно, со цел да се направи доближување и оживување на оваа графичко-компјутерска уметност, како и поттикнување на сите креативни луѓе, преку гифови да ги визуелизираат своите идеи.

Тука може да се пријават сите оние што сакаат гифови и оние кои создаваат гифови. Gif lover-и пријавете се во inbox на Концепт 37.www.facebook.com/c37.mk

GIFEST e фестивал на гифови, првично одржан во Суботица со цел да ги собере гиф-артистите од регионот и да ги промовира нивните авторски гифови.

Гиф е впечатлива, анимирана веб графика, прилагодена за брза размена, ефикасна во смисла на порака, а на авторите им овозможува комбинирање на техники и достапност на правење гифови со разни гиф-мејкер линкови или специфичност на промена на фремовите.

Критериумите за учество на фестивалот, кој оваа година се одржа по трети пат, се автентичност и авторство, но пред сé добрата идеја.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии