Фетаи сочно ја опцула Катица Јанева
Објавено во: Македонија 15 Август, 2019
Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување, изјавила за Телма телефонски обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи, која по враќање од пауза била сопрена од полицаец на влезот во Специјалното обвинителство за да и ја претресе торбата.
„Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО“, вели Фетаи за Телма.