Добивај вести на Viber
Реакциите не стивнуваат.
Со реакција се јави Бојана Бурчевска.
„Сабота е, ти се искача, се облакаш у нешо саглам, искачаш од дома, идеш у бивш магацин за теписи такозвана дупка преименувана у Club Pulse, зимаш пијачка, скапаните ѕидови почнуваат да горат од културно и испланирано наместените пиротехнички лудо забавни спектакуларни декорации и клапнува паниката. Најтрагичниот момент е што НЕМАШ ОД КАЈ ДА ИСКОЧИШ освен ЕДНАТА скапана врата.
Демек никој не бил свесен дека ова е шупа? Демек газдата ги имал сите одобренија? За на крај никој да не знае кај си, во која болница си, зошто си, колку си повреден, дали ги имаат сите услови. Македонијава не памти ваква трагедија. Просторов броел 1.500 деца. Не сакам ни да замислам како изгледало да си таму.
Како што имаме заклучено одамна, одговорност во земјава е само поим. Во Белград 15 минути молк за жртвите од Нови Сад и протести уште од истиот ден кои се уште траат. Кај нас нула последици и кривична одговорност за модуларната болница во Тетово, Дурмо Турс уште возат, ги заборавивме жртвите од несреќата во Бугарија, а жртвите на онкологија беа топ тема една недела. Нашата минута молк се претопува во часови стоење во тишина. Државава си ги плаќа давачките за неодговорност во млади животи. Но, како и секогаш, секое чудо ни трае по три дена.
Вакво потфрлање НЕ СМЕЕ да се случи никогаш пак, а ваква трагедија не може да се заборави. Фидбек за сите газди и батковци кои во простор шо одвај збира 300 души би накрцале 3000, да не дојде ден да треба повторно да се чита за вакво нешто.
Сочувство до сите семејства, пријатели и познаници на жртвите. Цела Македонија го носи товарот на децениско игнорирање пропусти“, пишува, меѓу другото Бурчевска.