Коцевски: Градоначалникот на Кочани дава изјава во Обвинителството

Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 16:21
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски доцна попладне изјави дека градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, е во Обвинителството и дава изјава за трагичниот настан со дискотеката.
Тој рече дека засега има 14 осомничени и дека доказите уште се собираат, а не ја исклучи можноста да биде обвинет и началникот на ОВР Кочани.
- Ни престојат уште неколку дена за да ги собереме сите докази Се што е можно, за сите можни сторители, ќе се постапува и се собираат докази Во моментов градоначалникот е во зградава и дава изјава. Има 14 осомничени, рече Коцевски.
Можеби ќе ве интересира
ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски објасни какви се последиците откако се обзнани дека во дискотеката имало азбестен кров, а постои опасност голем број од повредените да го вдишале

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали

Четворица повредени пренесени во болница во Литванија

Уапсен и Горан Трајковски Штраус, поранешниот директор на ДПИ

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес
