19 Декември, 2025
0.0392

ЕДЕН ОД ПРИВЕДЕНИТЕ Е ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА, БЕКТЕШИ, А И ДВАЈЦА ОД ЕКОНОМИЈА - еве ги деталите од министерот Тошковски

Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 13:02

Добивај вести на Viber

Еден од приведените во Скопје во текот на вчерашниот ден е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. Тоа го потврди и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денеска одржаната пресконференција. 

Инаку, тој се уште е полициска станица откако вчера беше повикан на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

Тошковски денеска информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.

Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.

„Во полициска станица на подрачје на СВР Скопје се приведени вкупно пет лица, со кои се извршуваат разговори од страна на полициски службеници, меѓу кои е и еден поранешен министер. Во 17 часот од страна на јавен обвинител издадени се наредби за претреси во дом и службени простории на две лица, притоа се одземени техничка опрема, документација, оружје, муниција...“, рече министерот Тошковски.

Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. 

„Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата“, нагласи Тошковски.

Вчера во Штип биле приведени 13 лица, а меѓу нив се сопственикот на дискотеката, продавачите на билети, две лица од обезбедување, приведени се тројца пазарни инспектори, еден од трудова инспекција, како и полициски службеници. На 14 лица, вели министерот им е одреден притвор од 48 часа.

Министерот исто така изјави дека е повлечена локалната потерница која беше распишана за 4 лица, бидејќи тие се веќе обезбедени.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот