ФИЛИПЧЕ ГИ ОТФРЛИ ОБВИНУВАЊАТА: Побаравме алтернативен начин да ја убрзаме постапката, нема ништо незаконско
Објавено во: Македонија 11 Март, 2021
Министерот за
здравство, Венко Филпче денеска на прес конференција ги отфрли сите обвинувања
кои се однесуваат на сомнителни постапки при набавка на вакцините од кинескиот
производител Синофарм. Рече дека како Влада и како министерство секогаш се
водат по два принципа, а тоа се внимателност и регуларност и дека не станува
збор за никакви незаконски дејствија, односно провизии, за кои се обвинети.
„Не станува збор, апсолутно, за ништо незаконски, за ништо нерегуларно, не станува збор за некакви провизии или било што за што овие денови ме обвинува опозицијата“, рече Филипче.
-Владата и Министерството за здравство од почетокот на процесот за набавка на вакцините интензивно комуницира со голем број компании и производители. Имаме два принципи по кои се водиме: внимателност и регуларност. Апсолутно ги отфрлам сите обвинувања дека станува збор за незаконски постапки, провизии, и жал ми е што сето ова излегува во опозициските медиуми, истакна министерот Филипче.
Тој ги изнесе и деталите во однос на тоа како се обиделе да ги набават кинеските вакцини.
-По иницијалните обиди да направиме директен контакт со фабриката и не успеавме, побаравме помош и од некои компании кои може да не спојат. Во меѓувреме беше потпишан договорот, но од кинеското МНР ни укажаа дека тоа не е патот по кој треба да одиме, затоа најдовме еден алтернативен начин за да ја убрзаме постапката. Во делот на одговорностите за вакцините, тоа е обврска на Министерството за здравство кои ги превземаме за сите вакцини. Затоа дозволете да ги осудам сите обиди да се фрли дамка. Сметам дека со ова се обидува опозицијата да го компромитира процесот на имунизацијата. Со ова некои сака да има политички бенефит, а цената да биде здравјето на нашите граѓани, рече Филипче.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.