Филипче: Граѓаните на Србија, Косово, БИХ и Црна Гора ќе мора да имаат негативен тест за влез во Македонија
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020
Венко Филипче, министерот за здравство, утрово информираше дека Комисијата за заразни болести одлучила да и предложи на Владата од граѓаните на Србија, Косово , БИХ и Црна Гора да се бара негативен тест на Ковид-19 при влез во Македонија.
„Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Северна Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа“, објави Филипче на социјалните мрежи.
Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.
Комисијата ќе ја поднесе препораката до Владата за понатамошно постапување.