ФИЛИПЧЕ: Има нејасни сегменти за поделбата на министерствата
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2024
Според пратеникот Венко Филипче, има нејасни сегменти за поделбата на министерствата.
Откако помина Законот за распределба на министерствата во новата влада, Филипче во Собранието изјави дека постојат многу нејасни сегменти околу поделбата на министерствата, алудирајќи дека некои министерства ќе бидат ослабени.
„Главното прашање е зошто овој системски Закон се носи по скратена постапка. Недостасува анализа на министерства, многу важен сегмент кој ќе означи како ќе функционира владата во иднина“, вели Филипче.
Тој спомена неколку примери.
„Прво за Министерството за економија. Прашање е дали ќе се изградат капацитети во делот на енергетиката? Министерството за економија останува ослабено“, рече Филипче.
Наместо 16, Македонија ќе има 20 министерства. Нашата земја сега ќе има повеќе министерства од некои европски држави.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.