18 Мај, 2024
0.0298

Филипче: Предложените рестриктивни мерки нема да бидат само за Тетово, туку за цела земја

Објавено во: Македонија 07 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Иако Министерството за здравство како главен виновник за сериозната состојба и новиот бран на коронавирусот го посочи градот тетово, предложените рестриктивни мерки на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести се однесувале за целата земја. Претходно медиумите соопштението го протолкуваа како да се однесува само за Тетово, бидејќи овој град таму беше наведен како главна причина за зголемениот број на позитивни случаи.

Мерките се бара да важат во сите градови во државта, потврди за Телма министерот Филипче иако утринава од неговиот кабинет беше лиферувано соопштение дека се бара да важат само за тетовскиот регион.

Предложена е забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави, исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти да не надминува надминува 30 отсто, а на масите да не смеат да седат повеќе од 4 лица. Договорено е и да се засилат контролите за носењето на заштитни маски и да се засили теренската вакцинација.

„Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот.

Анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20% во Тетово. Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион,а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено“, објави претходно Министерството за здравство.

На почетокот на неделата Тетово значително го надмина Скопје по бројот на активни случаи на Ковид-19. Во Тетово денеска има нови 114 заболени.


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?