19 Мај, 2024
0.0530

Филипче: Сметам дека децата од прво до трето треба да одат на училиште

Објавено во: Македонија 16 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Венко Филипче се уште недонесената одлука за тоа како и кога ќе се одвива училишната настава во новата учебна година ја оправдува со вистинската енигма за тоа како ќе се однесува епидемијата наесен.

„Не знаеме каква есен нè чека, мора да бидеме внимателни особено со децата. Полошо сценарио значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои ги окупираат истите одделенија на кои сега лежат пациенти со Kовид-19. Се подготвуваме за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки,изјави Филипче воденешното интервју за МКД.мк.

Филипче му дава поддршка на предлогот на Комисијата за заразни болести до трето одделение наставата да биде со физичко присуство во услови кога училиштата би биле речиси празни, а другите да бидат со онлајн-настава. 

„Се соочуваме со еден период во кој во ниту една земја во светот не се знае што ќе биде. Не знаеме каква есен нè чека. Дополнително сезонски грип, колку пациенти ќе има… Така што, мора да бидеме внимателни особено со оваа категорија“, вели тој.

Министерот дебатата помеѓу родителите дали треба да се пуштат децата на училиште му ја препушта на Министерството за образование и наука, а тој лично смета дека учениците од прво до трето одделение треба да одат на настава со согласност на родител. Доколку не, алтернативата би била онлајн за тие кои не сакаат да ги пуштат во училиште.

„Подобро е и поважно да биде детето здраво во период кога не ги знаеме околностите во однос на вирусот, а сѐ друго може да се надомести. Здравјето тешко“, вели Филипче


Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела