ФИЛИПЧЕ: Во земјава не видовме пациенти по ходници и колони возила со итна помош
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020
Во земјава не видовме пациенти по ходници и колони возила на итна медицинска помош, рече министерот за здравство Ваенко Филипче, на синоќешната централна трибина на мкоалицијата „Можеме“.
Филипче, кој е претседател на Комисијата за здравство на СДСМ, рече дека земјава се соочува со најголема здравствена криза во последните сто години.
„Гледавме страшни сценарија од Европа, од свето , па и од соседството, а последните информации говорат дека косовскиот здравствен систем е пред колапс. Ама ние не видовме такви сценарија кај нас. Не видовме ниту преполни болници, ниту пациенти по ходници, ниту колони возила на итната медицинска помош. Не видовме затоа што реагиравме навремено. Ги следевме препораките на СЗО, ги опремивме болниците, направивме мобилна клиника, купивме заштитна опрема за здравствените работници, го надградивме системот за тестирање,тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи со што го прекинуваме ланецот на ширење на заразата“, рече Филипче.
Додаде дека власта била свесна дека граѓаните мора да ги знаат точните информации и да не остава простор за создавање на паника.