ФИЛИПЧЕ: Зависниците ќе земаат терапија на лице место кај докторот
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019
Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук
профил објави дека зависниците ќе ја примаат потребната терапијата на лице место кај докторот.
Исто така, тој пишува и дека со дисперзираниот систем ќе има поголема контрола врз пациентите, но и зависниците полесно ќе доаѓаат до терапија.
Со ваков вид на здравствена услуга на пациенти, на зависниците од наркотични средства ќе им се обезбеди поголема здравствена заштита и услуга еднаква за сите.