ФИЛМСКА КРАЖБА ВО СЛОВЕНИЈА: Од блиндирано возило на осигурителна агенција „исчезнаа“ милион евра
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2019
Словенечката полиција се уште трага за извршителите кои пред месец дена украле милион евра од блиндиран автомобил на словенечка агенција за осигурување од Цеље.
Двајца работници го оставиле возилото без надзор во дворот на агенцијата за осигурување без контрола, не чекајќи го доаѓањето на своите колеги од следната смена.
Постои голема веројатно крадците да имале внатрешни информации кои им помогнале во кражбата на толку голема сума кеш.
Иако кражбата се случила минатиот месец, случајот упте не е расветлен, а полицијата во меѓувреме ги испрашувала и работниците кои се виновни поради невнимание бидејќи по правило на службата морале да им ја предадат смената и возилото со кеш кој го добиле од клиент на колегите.