06 Декември, 2025
0.0540

Финансискиот директор на Twitter по грешка испрати твит за потенцијална зделка

Објавено во: Стил 27 Ноември, 2014 08:03

Добивај вести на Viber

Главниот финансиски директор на Twitter Ентони Ното изгледа случајно напишал порака што планирал да ја испрати како лична. "Сеуште мислам дека треба да ги купиме. Тој е во твојот распоред за 15 или 16 декември - ќе мора да му продадеме. Јас имам план ", гласи пораката. Погрешниот твит шири шпекулации за тоа која фирма ја имал на ум Ното. Тој брзо го избришал твитот, но не и пред некои уште побрзи набљудувачи да зачуваат фотографија од него, вклучувајќи го и уредникот на Fusion Кевин Руз. Во Twitter освен јавно достапните вести има и приватни "Direct Message", кои се видливи само за примачот. Ваквиот твит предизвикаа и бран од шеги, заради големата иронија дека менаџерот на Twitter ја користи сопствената услуга неправилно. Други се пошегуваа дека секогаш е добро да видиш извршни директори како се обидуваат да ги користат своите производи. Twitter е извор на разочарување за инвеститорите во последно време и акциите му поевтинија за 17%, откако компанијата посочи кон крајот на октомври дека растот на нови корисници се забавува. K.K.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: