17 Јануари, 2025
0.0292

Фирмите имаат уште 15 дена за електронски да поднесат даночни пријави до УЈП

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Оние фирмите кои од 1 јануари имаат законска обврска да поднесуваат даночни пријави до УЈП по електронски пат, бавно се приспособуваат на новините во даночното работење. На 15 дена  пред истекот на рокот, 1440 фирми не презеле никакви чекори, односно воопшто се немаат регистрирано на системот е-Даноци, информираат од УЈП.

Согласно измените на Законот за даночна постапка донесени уште во месец Јули оваа година, се предвидува сите месечни ДДВ обврзници, почнувајќи од 1 јануари 2013 година, своите ДДВ-пријави и даночни биланси за данокот на добивка задолжително да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци. Инаку, постапката за регистрација за електронско поднесување на даночни пријави е едноставна. За да можат фирмите да се регистрираат и да ги користат електронските даночни услуги, треба да поседуваат Интернет, е-Пошта, како и Дигитален сертификат на USB токен кој е издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС. Доколку фирмите навремено не се прилагодат на новините за електронско пријавување на данок, постои ризик да не можат да го користат системот е-Даноци, а со тоа и да не бидат во состојба навремено да поднесат даночна пријава и да пријават данок од 1 јануари. Од УЈП потсетуваат дека законот предвидува високи казни – за неподнесување, односно ненавременото поднесување на даночна пријава во законски предвидениот рок предвидена е глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противредност.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја