18 Мај, 2024
0.0296

ФИТР: Огромен интерес за инструментот за економско прилагодување на Ковид – 166 компани аплицираа во прв циклус

Објавено во: Економија 23 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Рекорден број над 2000 домашни компании подигнаа апликациски пакети на јавниот повик за брзо прилагодување на Ковид 19, на Фонд за иновации и технолошки развој, од кои 166 поднесоа предлог проекти во првиот циклус.

Компаниите побаруваат речиси 90% од предвидениот буџет од 200 милиони денари, поради што ќе се бараат дополнителни средства, најави директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. Вкупниот инвестициски циклус е речиси 300 милиони денари од кои 39% или 112.000 денари се учество на самите компании.

“Резултатите од овој прв циклус покажуваат дека дел од домашната економија веќе размислува за заздравување и има конкретни инвестициски планови. За неполни 45 дена имавме над 2100 подигнати апликациски пакети што е индикатор дека домашната економија овој период на преживување го трансформира во период на размислување како да се развива. Тоа што веќе во првиот циклус ќе бидат искористени речиси 90% од средствата, значи дека во секој следен циклус Фондот во соработка со владата ќе работи на обезбедување дополнителен износ на средства“ нагласи Деспотовски.

88% од апликантите продолжуваат во следните фази на евалуација и оценување, додека 12% отпаднале како неподобни. Посебно охрабрува фактот што 76% од нив за првпат аплицираат во Фондот, 16% аплицирале претходно но не добиле средства па поворно се обидуваат, а само 8% користат или користеле средства. Компаниите ќе инвестираат во 15 различни области, меѓу кои продажба трговија и диструбуција, здравство, екологија, земојделие, а за првпат не доминира ИТ секторот. Особено е позитивно тоа што со овој повик има зголемен интерес кај компаниите од сите региони, како и зголемен број на компании со жени претприемачи.

„Ова е особено важно бидејќи го пилотираме за првпат и сме успеале да ги мотивираме домашните компании од сите региони да аплицираат. Гледаме и поголемо вклучување на жените, односно 56% од апликаните се во сопственост или менаџирани од жени. Ова покажува дека со добра политика и добро таргетирана мерка можеме да поттикнеме процеси кои ќе дадат конкретни резултати и ќе поттикнуваат економска активност. Бројките покажуваат дека сме успеале во тоа,“ нагласи Деспотовски.

Со овој повик за првпат беше воведен дополнителен критериум за оценување и повеќе поени за компании со жени во управувачката односно сопственичката структура и за компании кои доаѓаат од помалку развиените региони.

Во однос на обемот на компаниите, најзастапени се апликации од мали фирми, 51 отсто, како и од микро претпријатија, 42 процента. За големите бизниси кои не се опфатени со поддршката, Деспотовски најави креирање на нов модел заедно со стопанските комори и Светската банка.

Се очекува до крајот на месец јули да заврши фазата на претселекција, а финалната селекција до средината на август, по што ќе бидат објавени официјалните резултати и ќе се потпишуваат договори. Во пресрет на второт циклус Фондот заедно со Светска банка и Стопанските комори ќе им пристапи на сите 2.100 компании кои изразиле интерес за поддршка.

“Ќе бидеме отворени за сите нивни сугестии и предлози за дополнително унапредување на овој модел на поддршка. Следниот циклус кој е планиран за кај на август, ќе размислиме и за проширување на поддршката, разговараме за посебна мерка за извозната дејност. Во почетокот на септември, со вториот циклус на поддршка можеме да очекуваме продолжување на оваа поддршка и евентуално дополнителни мерки кои ќе произлезат од консулатциите со коморите. Апелирам до сите домашни комапании активно да се вклучат во овој процес, да дадат свое мислење, предлози и сугестии, нагласи директорот на ФИТР.

Овој повик на ФИТР е дел од третиот пакет економски мерки на Владата на РСМ и е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал за успешно работење. Повикот беше отворен од 29.05  до 03.07.2020 година.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа