04 Мај, 2024
0.0265

ФЛАШИРАНА ВОДА ПОЛНА СО ФЕКАЛНИ МАТЕРИИ, БАКТЕРИИ И ДРУГИ ЗАГАДУВАЧИ - „Нестле“ во центарот на скандал во Франција

Објавено во: Економија 05 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Како што информираат од француското Министерство за здравство, изворската вода наменета за Perrier, Vittel и другите водечки брендови на Nestle содржи фекална материја, Escherichia coli и други „загадувачи“ и моментално достапните третмани не можат да „гарантираат“ дека е безбедна за пиење.

Швајцарскиот прехранбен гигант е вмешан во скандал од јануари кога француските медиуми обелоденија податоци од владина истрага која покажа дека околу 30 отсто од целата минерална вода што се продава во Франција била подложена на третман кој бил исклучиво наменет, како што би рекле нашите сограѓани, за „чешмовача“.

Францускиот закон, заснован на директива на ЕУ, забранува таков третман на минералната вода, која треба да биде со висок квалитет пред продажба. Првичната истрага покажа дека Нестле со години го криел фактот дека незаконски ја обработувал наводната изворска вода за да ја продава по високи цени во споредба со водата од чешма. Во текот на истрагата беше откриено дека Nestlé дури и криел филтри околу фабриките кога инспекцијата дошла на обиколка.

Последователно беше потврдено дека врвните брендови за вода на Нестле, како што се Perrier и Vittel, користеле ултравиолетова светлина и активен јаглен за да ја гарантираат безбедноста на храната, а за тоа ги известиле француските власти уште во 2021 година. Тогаш компанијата објави дека го инсталирале системот со добра волја, „за да ја гарантираат безбедноста на нивните производи“ што велат дека им е приоритет.

Но, со новите протекувања од истрагата, објавени во LeMonde и France Info, приказната одеднаш доби многу помрачен тон. Француското тело за безбедност на храна, Ансес и хидролошката лабораторија Нанси дојдоа до поинаков заклучок.

Експертите од Ансес предупредија дека имаат „недоволно ниво на безбедност во Нестле и дека ќе го гарантираат санитарниот квалитет на готовите производи, имено природните минерални води“.

Експертите наведоа и дека констатирале широко распространето загадување на изворската вода на исток во регионот Гранд Ест, каде што се полнат и флашираат марките Хепар, Вител и Контрекс, а на југозапад во регионот Оцитанија.

Вода контаминирана со колиформни бактерии, ешерихија коли и ентерококи

Белешка објавена во медиумите укажува на редовна микробиолошка контаминација на водата со колиформни бактерии, ешерихија коли и ентерококи кои во неколку наврати достигнувале високи нивоа на концентрација во бунарите, и покрај правилата на француската влада кои не толерираат присуство на бактерии ниту претходно, или, пак, по флаширањето.

Во извештајот се наведува и дека е забележано присуство на хемиски загадувачи, таканаречени „трајни загадувачи“ кои масовно се користат во индустријата заедно со пестициди и слично.

Извори од француската влада посочија дека властите не пронашле „здравствен ризик“ поврзан со флаширана вода. Според Le Monde, со цел да се задржи статусот на минерална вода, Нестле минатата година се обврза да ги повлече UV третманот и филтрите што тајно ги користеа. Во исто време, француската влада се согласи да ги олабави правилата за изворска вода за да му дозволи на Нестле да користи филтрација за да ги убие сите несакани бактерии, се вели во објавениот меморандум.

Сепак, со укинувањето на двата начина на третман на водата, француските здравствени власти апелираат дека „се резервирани за квалитетот на водата што ќе се истури по укинувањето на двата третмани, особено во однос на присуството на вируси (што микрофилтрација не може да истреби) и микрозагадувачи.

Експертите бараат зголемен мониторинг на фабриките „Нестле“: Вакви извори повеќе да не се користат

Експертите советуваа „засилен мониторинг“ на фабриката Нестле „со оглед на мноштвото извештаи за загадување од фекално потекло“, „хронично присуство на микрозагадувачи“ и „отсуство на параметри кои го мерат клучното загадување на водата“.

- Имајќи го сето ова предвид, таквите извори повеќе не треба да се користат, заклучуваат експертите во извештајот.

Како одговор на извештајот објавен во француските медиуми, компанијата Нестле истакна дека продолжуваат да произведуваат флаширана изворска вода во изворите Вержезе и Восгес, користејќи методи кои ги исполнуваат строгите стандарди дефинирани за изворска вода.

Компанијата инсистираше дека изворската вода што ја продаваат е во согласност со сите закони и нејзината класификација не е доведена во прашање поради „траги“ од пестициди или трајни загадувачи.

Извор: LeMonde, Telegraph.co.uk., Blic.rs

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски