05 Мај, 2024
0.0269

„Фокус“: Како Арсовска со навреди и закани ја терала извршната директорка да си оди од ССК?

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Неделникот „Фокус“ објави сторија во која посочува оти направиле увид во полицискиот записник во кој се објаснети сите случувања што му претходеле на палењето на автомобилот на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори (ССК), Кристина Стојановиќ.

Според записникот, градоначалничката Данела Арсовска од својот мобилен телефон преку апликацијата „Сигнал“ и испратила неколку пораки на извршната директорка, во кои прво на покултурен начин бара од неа и од претседателот да ги напуштат раководните позиции, а подоцна почнува со навреди и закани.

Неделникот Фокус објавува дека успеале да дојдат и до испратените пораки од страна на актуелната градоначалничка. Пред четири месеци „Фокус“ објави дека актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, на 12 мај годинава била повикана на разговор во полициска станица за опожареното возило на извршната директорка на Сојузот на стопански комори, Кристина Стојановиќ.

Како што објавуваат - извршната директорка, само 15 часа пред да и биде запалено возилото на крајот на февруари, добила заканувачка порака, која и била оставена во автомобилот, во која се барало веднаш да го напушти ССК, зашто во спротивно животот ќе и стане пекол.

- Имаш рок до четврток. Фино и културно. Ако не напуштиш, живото пекол ќе ти стане. Ќе ве масакрираме - пишувала во пораката која ја цитира неделникот „Фокус“. Објаснуваат дека од понатамошниот текст, може да се сфати дека тој што и ги упатува заканите, и дава последна опомена да се повлече од раководното место, со оглед на тоа што не „послушала“ во изминатиот период од кога било побарано од неа.

Заплетот на приказната, кој завршува со запалено возило во скопски Аеродром, почнува многу порано, поточно уште во декември лани, кога од раководството на Сојузот на стопанските комори било побарано да поднесат оставки и да ги напуштат функциите.

Се’ почнува со телефонски повици од непознати лица и писма со смртни закани упатени на првите двајца луѓе во бизнис – комората, претседателот Трајан Ангеловски и Кристина Стојановиќ. Раководните структури поминале голгота за целиот овој период, како што велат, исполнет со страшни трауми.

Запаленото возило требало да втера страв во коски и да ја постигне замислената цел – првите луѓе да го напуштат кормилото на бизнис комората!

Осум месеци по подметнатиот пожар во автомобилот, отворен е предмет во Јавното обвинителство, каде што се уште работат на случајот.

„Фокус“ пишува дека нивните извори тврдат дека тие располагаат со фотографии, пораки, телефонски повици, како и со последната порака оставен во веќе опожарениот автомобил, со која се дава, како што пишува „последната опомена“ пред да биде запалено возилото. Тоа веќе на некој начин било и остварување на досегашните закани.

Кривичната пријава, која моментално се води против непознат сторител, опфаќа две кривични дела, и тоа „Загрозување на сигурноста“ според член 144, како и „Предизвикување општа опасност“.

„Фокус“ направил увид во полицискиот записник, во кој се објаснети сите случувања што му претходеле на палењето на автомобилот на извршната директорка на Сојузот на стопанските комори. Велат дека заканите почнуваат на 9 февруари годинава, кога извршната директорка, како што е наведено, го чекала своето малолетно дете од тренинг, кога добила телефонски повик, на кој првиот пат не се јавила, за подоцна поточно по само две минути да одговори на телефонскиот повик.

Како што е наведени понатаму во записникот, на телефон и се јавило непознато машко лице, кое почнало да ја навредува со погрдни зборови и да и вели да си оди од таму каде што дошла. Кога таа прашала со кого разговара, телефонскиот повик бил прекинат.

Нагласуваат дека полицискиот записник е направен на 25 февруари годинава, поточно веднаш откако било пријавено дека е опожарено возилото.

Во него се објаснува дека  три дена порано, на паркинг просторот во близина на зградата каде што живеела, на рачката од нејзиниот автомобил ПМВ, марка „мерцедес“ забележала бело ливче хартија, на кое и било напишана заканувачка порака, односно последното предупредување.

Но, што се се случувало претходно и низ какви трауми поминала извршната директорка, која во записникот тврдела дека е уплашена за нејзиниот и живот на нејзиното семејство?

Во самиот записник може да се забележи дека пред да почне голготата, на еден од состаноците на Управен одбор, лицето Драган Митковски, претседател на Сметководствена комора, за кој веќе објавивме дека е еден од поблиските соработници на Арсовска, побарал разрешување на извршната директорка, која на оваа функција била назначена од август, лани.

Истиот ден, Стојановиќ на својот мобилен телефон на апликацијата „Сигнал“ добила порака од градоначалничката на Скопје, каде што е запишан и телефонскиот број од кој ја бара, кој се совпаѓа со тој што го користи Арсовска.

„Добро утро, после она што си дозволила Трајан да го прави, топло ти препорачувам уште денес да се повлечеш од ССК“, по што за кратко време и се јавила на телефон на истата апликација и разговорот се движел во истата насока.

Според полицискиот записник, Арсовска повторно ја замолила да ја напушти функција и да му каже на претседателот на ССК, Трајан Ангеловски, да си замине и тој од здравствени причини, бидејќи можело да му се случи нешто лошо. Овој разговор цело време го слушал и сопругот на извршната директорка.

Дури еден месец подоцна, поточно на 26 јануари 2022 година, Арсовска повторно и испратила порака на извршната директорка.

„Од тебе порасипано створење во животот не сум видела. Нека ти е среќа“, се наведува во пораката, со која „Фокус“ располага.

И од увидот во самиот записник може да се забележи дека раководството на ССК покренало ревизија за работењето од претходната година додека Арсовска се уште била претседател, за што, како што веќе објавивме, била и главната причина зошто било побарано од нив да ги напуштат раководните позиции. Ревизијата на работењето во ССК, со кое претходно управувала Арсовска, веќе било во тек и првичниот рок за потпишување бил на 28 февруари годинава, периодот и кога бил запален автомобилот.

До крајот на октомври, Арсовска ќе „прослави” една година како седи на градоначалничката фотелја. Целиот овој период е исполнет со разни скандaли, кои го одбележаа нејзиното досегашно „владеење”.

Тука се и последните случувања со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, од која таа ја доби и поддршката на ланските локални избори.

За само десетина месеци пукна тиквата, па почнаа обвинувањата од двете страни, со што вмровците кренаа рака од градот Скопје, со кој раководи Арсовска.

Таа, еден по еден, почна да ги разрешува нивните директори на јавните претпријатија, кои на почетокот од нејзиниот мандат самата rи назначи, со оглед на нивната политичка соработка. Арсовска ги обвини за местење тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица, додека пак вмровците тврдеа дека таа веќе се договорила со Турците, кои требало да учествуваат на тендерот. Тука се стави крај на заедничката соработка.

Александар Трајановски, советник од редовите на ГРОМ, пред десетина дена беше назначен за нов заменик-градоначалник на Скопје. Со ова, градоначалничката Данела Арсовска ја зајакнува коалицијата со ГРОМ во рамки на Советот. Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори што се одржаа минатата година.

Извор: Неделник „Фокус“

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца