18 Мај, 2024
0.0344

ФОКУС НА ДЕНОТ: Боки 13 со писмо се обрати до Јовески, извинување за туристите кои беа навредувани

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

И денеска очите на јавноста се свртени кон судењето за случајот „Рекет“. 

Oбвинетиот во случајот „Рекет', Бојан Јовановски денеска даде рачно напишано писмо на судијката Васка Николовска Масевска.

„Барам да бидам изведен пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, поради наводите за кривичните пријави кои ги најави вчера“, изјави Јовановски. 

Тој додаде дека тука се наводите и за кривичната пријава за обвинителката Вилма Русковска.

Судијката рече дека ќе го проследи писмото до Јовески.

Кои се странските државјани кои вчера беа навредувани и на кои скопјанец им викаше да си одат од земјава поради корона вирусот? Јавноста беше згрозена од односот на овој граѓанин, граѓаните побараа да одговара а и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов самиот им се извини за ксенофобичните изјави.

Двете деветнаесетгодишни момчиња кои биле нововработени во обезбедувањето на трговскиот центар Сити мол, сакале да се пошегуваат со својот шеф, и пријавиле дека во објектот има поставено бомба.

Скопјанка им дала 10.000 евра на измамници кои телефонски ја убедиле дека ќерка ѝ направила сообраќајна несреќа.

43 годишната жена вчера во полиција пријавила дека е измамена. 

Ден претходно на домашниот телефон добила повик од женско лице, коe ѝ се претставило како нејзина ќерка, и ја информирала дека направила сообраќајна незгода. Потоа ја прашала колку пари имаат дома.

Граѓанскиот суд во Скопје утрово отвори стечај за 1ТВ. 

Телевизијата зад која стоеше Бојан Јoвановски, попознат како Боки 13 и сега обвинет во случајот „Рекет“,  од денеска е во стечај

Не се сомневам дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата, рече денеска обвинителката Вилма Русковска и повика секој кој има сознанија за корупција да пријави. Ова следи откако обвинетиот во „Рекет“ Боки 13 го впери прстот кон неа

Во овие четири дена колку што се врши контрола на скопскиот аеродром, како превенција од опасниот коронавирус, не дошол ни еден сомнителен патник, односно никој немал зголемена температура, а не дошле ни патници од Кина. 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на меѓународниот аеродром во Скопје ја посетија лекарската екипа која врши скрининг на патниците кои доаѓаат од Дубаи и Истанбул.

Помина и јануари, а ветените владини ваучери за набавка на инвертери, уште ги нема. И нема ни прецизен одговор од надлежните кога ќе дојдат во рацете на граѓаните. 

Она што е ново, е дека Владата на последната своја седница донела решение за формирање на комисија, што ќе го следи спроведувањето на таа владина еколошка мерка. А добро е позната черчиловата „ако не сакаш да го решиш проблемот, тогаш формрај комисија“. Ќе видиме дали така ќе испадне и во овој случај, и дали барем последните два месеци во кои се затоплуваат домовите, граѓаните ќе успеат да дојдат до ветените ваучери

Временскиот период на договорот според кој градежниот изведувач „Гранит“ треба да ги изгради првите два километри од автопатската делница од Скопје - Блаце е постигнат на 42 месеци, пишува во објавените услови кои се заемно договорени со инвеститорот.

Најмалиот мобилен телефонски оператор кој се декларира како меѓународен виртуелен мрежен оператор во земјава во 2018 година ги зголемил приходите за 27 отсто. Неговата загуба е поголема од неговите приходи, во во споредба со претходната година е намалена за 27 отсто.

Добивката по акција е 12,9 евра и тоа е за нијанса подобро од лани (најдобрата година досега н.з.) Иако очекувањата на дел од инвеститорската јавност беа поголеми сепак „Комерцијална банка“ ја има најдобрата година досега и две најдобри години во низа. А колку дивиденда може да чекаат инвеститорите сега зависи само од Централната банка.

„Знам дека постов не е за тука, но ве молам споделувајте да се најде... 11 дена нема никаква трага“. 

Ова е постот кој пред околу 16 часа го сподели на Фејсбук извесна Јулијана Миовска, преку една од групите на оваа социјална мрежа која има бројни членови. 

„Ве молиме за помош, Македонија, Србија, Бугарија, Романија“, пишува во своевидниот оглас што таа го споделила

Трачична ноќ во главниот град на земјава.

Македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски - Буштур, загина во сообраќајна несреќа.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?