01 Јули, 2024
0.0276

ФОКУС НА ДЕНОТ: Дивоградбите во Охрид ја брануваат јавноста, Грција погодена од земјотрес и поплави

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Mинистерот без ресор Едмонд Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа изјaви дека на прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. 

Вели дека хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО не ја направи владата.

„Второ, владата и сега во оваа ситуација на тие разговори во Баку што јас ги имав, не само со земјите членки на комитетот, туку и со двете експертски организации во рамките на УНЕСКО, ИКОМОС и УСЦН, договорена е експертска поддршка. Ги слушам тезите дека ќе сме добиеле и пари за колекторот. Еден колектор чини меѓу 20 и 30 милиони евра, изградбата на нов колектор во Охрид. Тие пари УНЕСКО ги нема да ви ги даде, затоа владата, знаете со нова одлука, формира ново претпријатие, кое колекторскиот систем го презема под своја капа, што до вчера беше под капата на општините, и во рамките на Буџетот оваа година планираме околу 4,5 милиони евра да вбризгаме во репарација и реновирање на пумпите, нови пумпи за колекторот, а од догодина целосно, заедно со Европската банка за развој, со Европската унија и со други институции, да можеме да ја финансираме целосно изградбата на новиот колекторски систем. Така што, целата експертска помош од УНЕСКО воопшто не е спорна“, вели тој

Професорот Владимир Милчин денеска ја искоментира изјавата за Радио Слободна Европа на министерот без ресор Едмонд Адеми, која се однесува за дивоградбите во Охрид.

„Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

Тој претходните денови напиша на Фејсбук дека дивоградбата во Охрид е прст во око на оние кои се бореле за правда. 

Евакуација има од поплавени куќи во западна Грција.

Повеќе десетици граѓани по наредба на властите се евакуирани од поплавените куќи во западниот дел од Грција денеска, неколку дена откако седум луѓе ги загубија животите на Халкидики, на северот.

Поплавите по последната бура ги оштетиле патиштата во близина на градовите Нафпактос и Патра, а главниот пат беше затворен неколку часа. Засега нема извештаи за повредени или исчезнати.

Седум лица, од кои шест туристи и две деца, загинаа, а повеќе од стотина беа повредени во четвртокто кога бурата го погоди полуостровот Халкидики.

Во рок од неколку дена Грција ја погоди невреме, земјотрес, а сега имаат и поплави.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКА БАНКА ПРЕДЛАГА ОСТРАНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРУЈА: велат нужни се промени поради климатските промени

СВЕТСКА БАНКА ПРЕДЛАГА ОСТРАНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРУЈА: велат нужни се промени поради климатските промени

ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ЧЕСТИТКИ: Спасовски му ја честиташе победата на неговиот другар

ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ЧЕСТИТКИ: Спасовски му ја честиташе победата на неговиот другар

МНОГУМИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ СДСМ КЛЕКНАТА И ПОРАЗЕНА“: Каква порака испрати Филипче по победата?

МНОГУМИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ СДСМ КЛЕКНАТА И ПОРАЗЕНА“: Каква порака испрати Филипче по победата?

ЕДЕН ПОЧИНАТ, ЕДЕН ПОВРЕДЕН ПО ПУКАЊЕ ВО БАТИНЦИ - МВР трага по напаѓачите кои возеле „мерцедес“

ЕДЕН ПОЧИНАТ, ЕДЕН ПОВРЕДЕН ПО ПУКАЊЕ ВО БАТИНЦИ - МВР трага по напаѓачите кои возеле „мерцедес“

РЕВИЗОРИТЕ СО БРОЈНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОПШТИНА РОСОМАН: недостатигале документи за градба, за технички прием...

РЕВИЗОРИТЕ СО БРОЈНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОПШТИНА РОСОМАН: недостатигале документи за градба, за технички прием...

„ФИЛИПЧЕ СО ДЕВЕТ ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ КОЛКУ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНА, СТАНА ЛИДЕР НА СДСМ“: ВМРО-ДПМНЕ за новиот претседател на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ СО ДЕВЕТ ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ КОЛКУ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНА, СТАНА ЛИДЕР НА СДСМ“: ВМРО-ДПМНЕ за новиот претседател на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ МВР - зголемен период на чекање поради црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија

СЕ ОГЛАСИ МВР - зголемен период на чекање поради црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија

ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ТЕРЕН УШТЕ ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: гори во Василево и Прилеп

ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ТЕРЕН УШТЕ ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: гори во Василево и Прилеп

СЕ ОГЛАСИ СЛАВЈАНКА ПО ПОБЕДАТА НА ФИЛИПЧЕ: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија

СЕ ОГЛАСИ СЛАВЈАНКА ПО ПОБЕДАТА НА ФИЛИПЧЕ: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија