03 Јули, 2024
0.0298

ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ТЕРЕН УШТЕ ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: гори во Василево и Прилеп

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека иако имавме поројни локални дождови во целата држава, веднаш по прекинот на дождовите започнаа пожари на повеќе локации. 

Во текот на викендов имало 10 пожари на отворено само во првиот дел од викендот, односно ноќта петокот кон саботата. Девет од нив биле целосно изгаснати, но еден и во текот на викеднот се гаснеше. Станува збор за пожар во Општина Василево, кај село Добрашинци (ниска вегетација, ниска шума и грмушки), коишто ги загрози селата во тој струмички и радовишки регион и целодневно се дејствуваше со сили и од земја и од воздух со два полициски хеликоптери. 

Како што истакнуваат од ЦУК, пожарот се догаснува и утрово – пожарникарите се од пред 05.00 часот на терен.. 

Конкретно, во последното деноноќие (недела кон понеделник), вкупно имало осум пожари на отворено. 

- Активни се уште се два пожара, а целосно се изгаснати шест пожари. Двата активни пожари на отворено што се уште се водат како активни се во Општина Василево, с.Доброшинци (каде што гори нискостеблеста шума и вегетација) и во Општина Прилеп, над населбата „Варош“ (каде што гори ниска вегетација). 

Регионалниот ЦУК Струмица утрово известува дека вечерва имаше дежурни пожарникари во струмичкото село Сушево, од утрово веќе неколку часа се на терен струмичките и радовишките пожарникари - укажуваат од ЦУК. 

Инаку, во текот на изминатиот ден во интервенцијата учествуваа пожарникарите од ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 20 пожарникари, од ТППЕ Радовиш со 5 пожарникари и 2 ПП возила и околу 25 полицајци. а целодневно дејствуваа двата хеликоптера на МВР и се одбранија селата во тој регион.

- Денеска, уште при разденувањето, е направената обиколка на теренот од екипи на ТППЕ Струмица и е утврдено дека нема активно горење. Од 05.00 часот ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 16 пожарникари се на место на пожарот вршат догасување на места што чадат и контрола на теренот. Доколку во текот на денот има потреба од дополнителни сили ќе се бара помош од ТППЕ Радовиш и воздухопловна поддршка од хеликоптер.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот на ниска вегетација зад населбата Варош (м.в. „Загра“) во Општина Прилеп, којшто започнал од пожар на патничко моторно возило во и бил изгаснат во долниот дел. 

Активен е крак од пожарот што се движи во насока на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (манастирот „Траскавец“) и истиот се гаси во во утринските часови денеска и не преставува опасност за населени места. Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со 5 ПП возила од ТППЕ Прилеп и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, што пред полноќ беа повлечени од терен.

Во моментов на терен се ТППЕ Прилеп со 1 ПП возило и 5 пожарникари. Инаку, утрово, во 04:39 часот од градоначалникот на Општина Прилеп е упатено барање до ЦУК за воздухопловна поддршка, што ќе се координира согласно ситуацијата на терен - објаснуваат од ЦУК.

Од таму додаваат дека во последното деноноќие целосно се изгаснати шест пожари на отворено, во општините: Неготино, Црвени Брегови (гореле иска вегетација и лозје); Виница, градот Виница (ниска вегетација);Берово, помеѓу Берово и Пехчево (ниска вегетација); с.Желино (ниска вегетација); Гостивар, с.Речане (ниска вегетација) и во Општина Шуто Оризари, во реонот на населбата „Шуто Оризари“ (ниска вегетација и ѓубре). 

Инаку, се препорачува внимателност за ноќва, УХМР најави дека во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. 

Фото: ЦУК

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ СЕ ГЛУПИ ГРЦИТЕ, АКО БУГАРИЈА ИМ Е ПРИМЕР, НЕ СЕ МНОГУ ЗА ФАЛЕЊЕ“: Најчевска распали за нашиот сосед

„КОЛКУ СЕ ГЛУПИ ГРЦИТЕ, АКО БУГАРИЈА ИМ Е ПРИМЕР, НЕ СЕ МНОГУ ЗА ФАЛЕЊЕ“: Најчевска распали за нашиот сосед

ЈА ВРАТИЈА ОГРАДАТА, СЛЕДНО Е ИМЕТО: Петровска вели тргнал возот

ЈА ВРАТИЈА ОГРАДАТА, СЛЕДНО Е ИМЕТО: Петровска вели тргнал возот

ШТО Е СПОРНО ВО НАЈАВАТА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ? Тренчевска вели ВМРО едно ветила друго прави

ШТО Е СПОРНО ВО НАЈАВАТА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ? Тренчевска вели ВМРО едно ветила друго прави

ГРУЕВСКИ ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Вели добил информации од македонското население таму, нашите биле вознемирени

ГРУЕВСКИ ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Вели добил информации од македонското население таму, нашите биле вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Оградата од ковано железо се враќа пред објектот

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Оградата од ковано железо се враќа пред објектот

ВИКТОР СТОЈАНОВ MУ СЕ НАЛУТИ НА ВИДИНОВСКИ ЗА РЕПОРТАЖА СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Кажувате дека нема Бугари, за тоа се одговара кривично

ВИКТОР СТОЈАНОВ MУ СЕ НАЛУТИ НА ВИДИНОВСКИ ЗА РЕПОРТАЖА СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Кажувате дека нема Бугари, за тоа се одговара кривично