19 Декември, 2025
0.0571

СВЕТСКА БАНКА ПРЕДЛАГА ОСТРАНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРУЈА: велат нужни се промени поради климатските промени

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2024 11:42

Добивај вести на Viber

Македонија и земјите од Западен Балкан се соочуваат со сѐ поголеми предизвици од природни опасности што влијаат на животите, го попречуваат растот и ги оптоваруваат јавните финансии. За да се подготви за овие закани поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската унија, земјата треба да преземе низа реформи, се вели во новиот извештај на Светска банка насловен „Преглед за климатски јавни финансии на Северна Македонија“.

- Според Прегледот во изминатите 50 години Македонија забележа значителен пораст на бројот на поплави, екстремни топлотни бранови, пожари и обилни врнежи. Само во последните две децении, земјата се соочи со 12 катастрофи поврзани со климатските промени кои погодија 1,3 милиони луѓе. Со раст на глобалното затоплување, се очекува ситуацијата да се влоши во наредните години - се вели во денешното соопштение од Светска банка.

Според директорот на Канцеларијата за Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилиано Паолучи, преземањето итни активности за ублажување и прилагодување на климатските промени е приоритет, но потребни се и сет на политики и значителни инвестиции.

- Се очекува климатските влијанија да се интензивираат заедно со емисиите на стакленички гасови, со што земјата ќе биде потопла и посува, и ќе се соочи со почести и посилни поројни дождови кои ќе доведат до поплави, вели Паолучи.

Извештајот ја нагласува важноста од паметните фискални политики за апсорпција на загубите поврзани со климатските промени и поддршка на одржлив економски развој.

- Даночната политика, на пример, би можела да го поттикне зелениот транспорт и одржливите технологии, со отстранување на крајните субвенции за електричната енергија на јаглен, а истовремено да ги заштити ранливите домаќинства од зголемените трошоци за енергија. Означувањето на буџетот за климатските промени и процесите на зелени набавки може да ги намалат економските трошоци и да ги заштитат јавните финансии, велат од Светска банка.

Извештајот ја нагласува потребата Северна Македонија брзо да воведе цена на емисии на јаглероден диоксид за да ги ограничи емисиите на стакленички гасови и да собере значителни приходи за државниот буџет, потенцијално до 730 милиони евра годишно.

Со оглед на тоа што Македонија има за цел да се приклучи на Европската унија и да се усогласи со нејзините цели за нула емисии, извештајот ја нагласува важноста за поддршка на зелената транзиција на земјата преку мерки на фискалната политика. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот