07 Октомври, 2024
0.0508

ФОКУС НА ДЕНОТ: Голем пожар во велешко, Фетаи најави објавување на „бомбите“ за Монструм

Објавено во: Македонија 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Поради големиот пожар, сообраќајот од автопатот Скопје – Велес, од клучка Башино село до влез на градот, се пренасочува по регионалниот пат езеро Младост кон Велес. 

Пренасочувањето на сообраќајот е од вечерва, од 18:10 часот.

Четири лица се приведени во полициската станица во Велес со сомнеж дека го предизвикале пожарот, објави порталот Дума. Приведените со брусалица работеле во близина на боровата шума, на крстосницата за Башино село и патот кон езерото. 

Изгоре шумскиот насад, нискостеблестите растенија и сувата трева на Младост. Пожарот во еден момент, го опколи од горната страна и новоизградениот хотел Глориус. 

Околу 38.000 прислушувани разговори и СМС-пораки поврзани со случајот „Монструм“ од 5 септември ќе одекнуваат во судница.. На денешното судско рочиште за случајот со убиството на пет момчиња крај езерото Смилковци, беше договорено дека од 5 септември судот ќе започне со објавување на овие „бомби“.

– Во судница ќе бидат презентирани сите материјали кои ни ги достави СДСМ, но ќе ги презентираме и разговорите кои мене ми беа испраќани, појасни обвинителката Фатиме Фетаи.

Фетаи на едно од последните рочишта информираше дека по завршувањето на овој дел од постапката каде што ќе бидат презентирани дополнителни докази со новата 31-та експертиза за мобилни телефони, судот би предложил со презентација на аудио снимки и записници од сите разговори поврзани со случаи, кои се испратени до СЈО од декември 2015 година од СДСМ.

Денес Фетаи потврди дека сите материјали доставени од страна на СДСМ до СЈО ќе бидат презентирани на суд, но обвинителството ќе ги презентира и разговорите испратени до неа лично.

Специјалната обвинителка Катица Јанева која во моментов е под истрага за случајот „Рекет“ и притворена во истражниот затвор Шутка би можела да биде разрешена пред истекот на нејзиниот мандат на средината на септември.

Иако шефицата на СЈО е во оставка, Советот на јавни обвинители утре претпладне ќе одржи седница на која се очекува да ја започне постапката за нејзино разрешување. Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста поради тајноста на истражната постапка за случајот „Рекет“.

Во игра се две варијанти - постапка за разрешување на Катица Јанева преку Собранието или назначување на в.д. специјален обвинител од редовите на СЈО. Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука за тоа која од овие две опции е посоодветна.

Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија